Воспитување

Дали вашето дете ве удира? Обидете се со оваа реченица да го спречите тоа

Како што детето расте, не е невообичаено да почне да фрла играчки или дури и да ги удира родителите и членовите на семејството. Иако ова е нормална развојна фаза бидејќи децата сè уште не знаат како да ја изразат својата фрустрација на други начини, важно е родителите да им покажат дека удирањето и фрлањето работи не се прифатливи. Ако се игнорираат, на крајот може да доведат до посериозни проблеми во однесувањето.

Според детскиот терапевт Шенон Бушард, учењето на детето дека удирањето не е во ред всушност не е толку тешко – клучот е да се знае што да се каже и што да се избегнува.

Во видео на „Тик-ток“, Шенон реагирала на видео од мајка која е удирана од нејзиното дете. Мајката му кажува да не ја удира и го моли детето да „биде фино“, додека детето продолжува да удира. Шенон објаснува дека тоа е шокантна ситуација за секој родител и решила да сподели неколку совети што можат да помогнат во такви моменти.

-Нашата прва реакција е да кажеме: „Не, немој да го правиш тоа“ или „Не удирај“. Но, тоа не функционира. Децата под две години ги разбираат само последните зборови што им ги кажуваме, тие не ја разбираат целата реченица. Ако кажете „Не удирај“, тие слушаат „Удирај“. Ако кажете „Не фрлај“, тие слушаат „Фрлај“. Затоа треба да им дадете јасна инструкција на крајот од реченицата за тоа што можат да направат – вели таа.

Малите деца не разбираат кога велиме „не“

Шенон истакнува дека мајката во видеото „била на вистинскиот пат“ кога му рекла на своето дете „да биде добро“, но таквата порака е премногу нејасна – на децата им е потребна специфична команда што можат да ја разберат и да ја повторат.

-Треба да им понудите јасна алтернатива на тоа однесување. Во овој случај, би рекла нешто како: „Не удираме, рацете се за аплауз!“ или „рацете се за прегратка“ или „рацете се за држење“.

Ако вашето дете продолжи да удира, дури и по пренасочувањето, терапевтот советува да се отстраните од ситуацијата за да му покажете дека тоа не е прифатливо.

-Колку подолго останувате и дозволувате да ве удираат, толку повеќе ја испраќате пораката дека е во ред – предупредува Шенон, забележувајќи дека малите деца не разбираат кога им велиме „не“.

-Децата реагираат на клучни зборови, а не на реченици со „не“. Кога велите „не удирај“, тие слушаат „удри“. Кога велите „рацете се за држење“, тие слушаат „држење“, што е многу покорисно – објаснила таа.

Извор

Поврзани написи

To top