Игротека

Дали вашето бебе јаде доволно? Експерт за исхрана порачува да се опуштите

Се грижите дали вашето бебе јаде доволно? Не сте единствени. Но, еден нутриционист вели дека понекогаш е најдобро едноставно да му верувате на апетитот на вашето бебе.

Многу родители го знаат чувството на загриженост дали бебето изело доволно? Дали порцијата е премала или преголема? Но, според зборовите на ирскиот педијатар и нутриционист Керолин О’Конор, основач на платформата „Солид старт“, тоа се грижи што воопшто не треба да ги имаме.

Керолин вели дека е сосема нормално бебето понекогаш да изеде сè од чинијата, а другпат само да ја изгмечи храната и да му ја даде на кучето. Тоа не значи дека правите нешто погрешно, туку дека растете мало човечко суштество со свој апетит и свој ритам.

– Бебињата не треба да јадат точно одредени порции. Некои денови ќе изедат сè, а други едвај неколку залачиња и тоа е во ред – вели Керолин.

Таа додава дека задачата на родителите е да обезбедат редовен распоред на оброци и ужини, да понудат разновидна и избалансирана храна и да овозможат детето да јаде без пречки и одвлекување на вниманието.

– Кога ќе престанеме да броиме залачиња и наместо тоа се фокусираме на тоа што му нудиме на детето, сите се опуштаат малку повеќе. И родителите и децата – порачува Керолин.

Извор

Поврзани написи

To top