Домашните задачи често завршуваат на интернет, главно поради смешните детски одговори, но овој пат во фокус бил коментарот на една наставничка од Црна Гора.
Имено, таа не била задоволна од работата и пишувањето на ученикот, па во неговата тетратка напишала: „Ужас!“
Таа нејзина постапка ги налутила родителите, кои сметаат дека коментарот не е примерен, па и тие нешто допишале.
„Вака не се дава волја за учење. Во мое време се пишуваше – Не е добро, вежбај. А ужасот е за наставничката која го напишала ова бидејќи ваша работа е да ги учите децата“, пишувало меѓу другото.
Откако фотографијата од домашната задача завршила на друштвените мрежи, следувале низа коментари. Едни се согласуваат дека наставничката претерала, а други, пак, истакнуваат дека и улогата на родителите е многу важна.
фото извор: Facebook
„Родителот да научи падежи и правопис, па потоа да дава коментар. Наставничката да се занимава со некоја работа што нема допир со педагогија бидејќи веројатно ја пропуштила и за време на растењето и на факултетот“.
„Ова еден просветен работник никако не смее да го напише“.
„Без разлика на возраста и грешките на детето, еден педагог/наставник не смее да го напише ова! Заради вакви луѓе, нашиот образовен систем пропаѓа“, биле само некои од реакциите.
912