Игротека

Дали три линии на ултразвук значи дека бебето е девојче?

Ако сакате да го знаете полот на вашето бебе пред да се роди, методот со 3 линии е испробан и проверен начин што сонографите го користат за да кажат дали имате момче или девојче.

– Најчестиот и најсигурен начин да се одреди полот на бебето во текот на бременоста е при ултразвучно скенирање, кое обично се изведува од 18. до 21. недела во бременоста – вели професор Кристоф Лис, консултант акушер и портпарол на Кралскиот колеџ за акушери и гинеколози.

– За време на ова ултразвучно скенирање сонографите ги бараат карактеристичните знаци на различните гениталии. Кај женското бебе, ова може да изгледа како три бели линии. Кај машкото бебе, можно е да се видат пенисот, тестисите и скротумот на рутинското скенирање во вториот триместар – додава тој.

Кои се трите линии на ултразвукот?

– Барањето 3 линии е еден од начините на кои можеме да утврдиме дали имате девојче – вели сонографот Јан Стјуард, директор на „Ултрасаунд дајрект“.

3 линии – пример за девојче

– Сликата подолу е скенирање од жена во 20. недела од бременоста и јасно се прикажани трите линии. Кога сонографот ќе покаже зошто мисли дека е девојче, ќе ги искористи овие три линии како илустрација – вели Стујард.

3 линии – пример за момче

Сликата од ова скенирање исто од жена во 20. недела од бременоста покажува момче. Изгледа поразлично од скенирањето со 3 линии за девојче погоре, со гениталиите јасно испакнати.

Колку е точен методот на ултразвук со 3 линии?

Не е секогаш точен.

– Дури и за време на рутинското скенирање во вториот триместар не може да се биде целосно сигурен за полот на бебето, бидејќи може да биде во позиција што ќе му отежне на сонографот – вели професорот Лис.

Како и повеќето работи во бременоста, тоа никогаш не е целосно предвидливо. Но, повеќето сонографи би се сложиле дека трите линии се речиси сигурен знак дека бебето е девојче.

– Го даваме нашето професионално мислење, но има неколку случаи кога има изненадување. Не постои нешто како 100 отсто – вели Јан Стјуард.

На која возраст/фаза може да се видат трите линии на ултразвук?

Овој метод генерално се користи како дел од одредувањето на полот на скенирањето што се прави околу 20. недела.

– Трите линии се видливи од 16. недела бидејќи бебето нема никакви мускули или масни наслојки – објаснува Јан.

Дали може да се видат трите линии на 3Д/4Д-скенирање?

Како општо правило, сонографот нема да користи 3Д/3Д-скенирања за одредување на полот на вашето бебе. Ова главно се должи на тоа што овие скенови се направени подоцна во бременоста, кога е потешко да се каже.

– И покрај популарното верување, потешко е да се каже полот на 3Д или 4Д-скенирање. 4Д зависи од положбата на фетусот и амнионскиот волумен – вели Јан.

Дали секогаш може да се видат трите линии?

– Не секогаш може да се видат 3 линии. Позицијата на бебето очигледно е фактор. Меѓутоа, ако се јасно видливи, тоа е добар начин да се одреди полот – вели Најџел.

Извор

Поврзани написи

To top