Можеби отсекогаш сте сонувале да бидете забавната тетка и да немате свои деца. Или, пак, сте сакале деца и не сте можеле да дочекате да имате свои. Како и да е, таа тема поттикнува низа прашања. Се работи за настан кој го менува вашиот живот од корен, па добро би било да бидете сигурни во себе – што е она што навистина го сакате. Според Кеја Марти, клинички хипнотерапевт и духовен животен тренер, знаете дека сте подготвени за дете кога имате или можете да креирате временски простор и пари за да се грижите 100 процентно за уште едно човечко битие.
Од друга страна, најголемиот знак дека не сте подготвени да имате бебе е кога имате и најмал сомнеж дека можете да се грижите за друго човечко битие повеќе отколку што се грижите за себе. Па, дали сте подготвени? Пред да почнете со плановите, поставете си ги следните прашања:
Како стојам со финансиите?
Ќе мора да научите да менаџирате со пари ако планирате дете. Тоа подразбира многу трошоци за пелени, храна, облека, потоа образование и слично. Мора да бидете подготвени да го смените начинот на кој раководите со парите и да ги промените навиките, затоа што треба да внимавате на благосостојбата на детето. Експертите советуваат да имате барем заштеда од една годишна плата кога планирате проширување на семејството. Најголем знак дека сте подготвени е дека ви остануваат пари од платата откако ќе ги платите трошоците, а најголем знак дека не сте подготвени е ако немате никаква заштеда.
Дали можете да замислите да не излегувате постојано или да немате време за себе?
Кога имате дете, ќе мора малку да подзаборавите на забавните активности, барем во првите години од неговиот живот. Ќе треба да жртвувате вечери и слично и да се грижите за детето. Ќе треба да го жртвувате во голема мера и времето што си го посветувате себеси, бидејќи децата бараат целосно внимание. Подготвени сте ако можете да го замислите тоа сценарио, а ако не можете да си ги промените дневната рутина и социјалниот живот, тогаш можеби не сте подготвени.
Дали можете да се справите со излив на бес?
Бебињата често плачат, а може да бидат и кенкави и слично. Мора да бидете подготвени да се справувате со тоа ако имате дете. Врескањето, исто така, е неизбежен дел од однесувањето на бебето. Ако бебиња што плачат не ви пречат, подготвени сте, но ако не сакате да се откажете од спиење поради бебе што плаче, можеби имањето дете во моментот не е најдобар избор за вас.
Дали сте во ред со фактот неочекувано да ги откажувате плановите?
Ако сте личност која планира однапред, знајте дека имањето бебе може во секунда да ги промени вашите планови. Ако ве фрустрира кога пријателите го прават тоа, тогаш веројатно немате голема толеранција за откажување во последен момент.
Дали барањето помош не ви претставува проблем?
Не може секој да изгледа дете сам. Потребна е помош поради многуте обврски и потребно внимание. Но, мора и да ви биде пријатно да побарате помош од роднини, семејството, пријателите. Во спротивно, негативните чувства само ќе ви ја отежнат ситуацијата.
Дали се вознемирувате од помислата дека некој зависи од вас?
За многу луѓе тоа е добро чувство, но на некои им е непријатно кога знаат дека на некого постојано му е потребна нивната помош. Ако ви е во ред помислата дека некој зависи од вашето време и од вас во целост, тогаш подготвени сте за одгледување дете.
Дали останувањето дома звучи подобро од патување?
Во зависност од финансискиот статус, кога имате бебе, патувањата може да бидат малку тешки за остварување. Семејните одмори се опција, но со деца го немате луксузот да се спакувате кога сакате и да се забавувате. Ако не сте подготвени за такво нешто, тогаш можеби не сте подготвени ниту за тој голем чекор во животот.

Дали на вашето тело му е потребно спиење во текот на целата ноќ?
Ако имате бебе, дека вашиот распоред за спиење секогаш ќе биде нарушен, бидејќи бебињата се непредвидливи. Нема да можете да спиете 8 часа без прекини. Па ако не можете да се откажете од тоа, односно не можете да функционирате без 8 часа непрекинат сон, тогаш родителството би ви било голем предизвик.
Дали вие и партнерот имате проблеми во врската?
Ова може да е еден од најочигледните знаци дека не сте подготвени за бебе, барем со вашиот моментален партнер. Ако имате проблеми во односот, тогаш имањето деца не треба ниту да се споменува. Ако имате здрав однос и сакате деца и двајцата, тогаш проширувањето на семејството би бил добар избор, во спротивно, вашите ставови се разидуваат и тоа може да предизвика кавги и расправии, па и разделба.
Дали сакате деца?
Ова е важно прашање – има луѓе што уживаат во друштво на деца, но има и луѓе што не го сакаат тоа. Во согласност со тоа кој е вашиот одговор, од тоа зависи и подготвеноста за сопствено дете.
Дали мислите дека би можеле да го споделувате вашиот простор?
Кога имате дете, има многу различни работи кои треба да ги купите за да го забавувате и смирите. Парчиња мебел наменети за детето што ќе заземаат многу простор. Ако немате проблем со тоа, тогаш би можеле да ги исполнувате потребите и на вашето дете.
Дали можете да функционирате без да имате време во тишина посветено на себе?
Ако сте лице на кое му треба време во тишина секој ден за себе, тогаш бебето можеби не е најдобрата опција за вас. Децата бараат многу време и посветеност, па така ако не сте подготвени да се откажете од времето за себе, тогаш имањето дете во овој момент, можеби не е најдобриот избор за вас.
Автор: Меган Хеч