Воспитување

Дали спортскиот успех од мали нозе е точен показател за потенцијалот на детето?

Истражувањата покажуваат дека само малцинство од првите 20 рангирани професионални спортисти биле меѓу првите 20 кога имале под 13 години

Младинскиот спорт сѐ повеќе станува сериозен бизнис. Постои вистинска трка во него. Од една страна, сè посериозно се сфаќа младинскиот спорт, што се рефлектира кај децата кои се специјализираат во еден спорт на помлада возраст. Со ова децата трошат поголем дел од своето време во организирани тренинзи наместо на неструктурирана игра без надзор.
Од друга страна, организациите во многу држави ги ревидираат своите насоки за младинскиот спорт. Така, на пример, австралискиот крикет ги менува правилата на игра за младите спортисти, а шведските фудбалски клубови ги укинаа сите екипи помлади од 13 години.

Недоразбирањата во врска со младинскиот спорт од страна на родителите, тренерите и наставниците се едни од причините зошто младинскиот спорт стана сериозен. Едно од тие погрешни мислења е дека успехот на младите е предуслов за успех во подоцнежните години.
Истражувањата покажуваат дека само малцинство од првите 20 рангирани професионални спортисти биле меѓу првите 20 кога имале под 13 години.
Постојат неколку причини за слабиот однос меѓу младите и подоцнежниот успех, а една од нив е релативната возраст. Во обид да се обезбеди соодветно ниво на конкуренција за сите, децата често се запишани во групи врз основа на нивната возраст, на одреден просечен датум (на пример, први јануари).
Ова се советите за родителите кога станува збор за искуството на децата со спортот:
– Децата нека имаат можност да учествуваат во повеќе спортови, наместо само да се насочени кон еден.
– Обезбедете децата да имаат пауза од секој организиран спорт.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top