Колку далеку од семејното стебло паднало јаболкото?

На големи или навидум мали незабележливи начини, делови од нашите родители се впиваат во нашите битија – во насмевката што се рефлектира во нашите огледала, во гласот што го користиме за да ги прекориме нашите деца, во талентот за раскажување приказни или љубовта кон физичката активност или спортот.

Кога мојот син беше во средно школо, една од неговите соученички, која беше во нашиот автомобил, имаше, според мене, премногу шминка. Мислев дека тоа е чудно, да се има кармин и нашминкани очи во 8 и 15 наутро, сè додека не ја видов нејзината мајка. Ќерката беше дупликат на мајка си, изгледаше провокативно, како подготвена за матурска забава, а не за седење во училница цел ден.

Одвреме-навреме може да забележите кај себе некоја физичка карактеристика или навика или манир, кој го споделувате со вашите родители. Но, сличноста може да оди уште подлабоко.

– Децата не би требало да ги гледаат своите родители. Ако сè оди добро, животот на родителот е затскриен, а детето го гледа само она од што може да зависи; ја гледа безбедноста и не се грижи – забележува Сали Тисдејл, добитник на многу награди за литература. Сепак, таа забележува дека дури и во најмалите експресии се присутни нашите родители. Речиси е неизбежно. Јас, на пример, сум опсесивна за доцнењето, карактеристика која верувам произлегува од мојата мајка која постојано му викаше на брат ми да побрза оти ќе задоцниме. Но и јас често ги кажувам истите зборови.

Можете да си речете дека нема да станете како вашиот родител и да работите напорно за да го постигнете тоа. Но, во природата на човекот е да го прави тоа, иако најпроблематичните квалитети може да нè доведат до поголема емпатија и разбирање кон родителот и кон себеси.

Како дете, ги „гледате“ родителите како парчиња од јаболката, а понекогаш без да сфатите нивните карактеристики се длабоко врежани во вас, без и да забележите. Кијоко Мори пишува: „За време на животот на татко ми, никогаш не помислив дека личам на него. Не лажев и не бев сексуален авантурист… Избрав да немам деца за никогаш да не морам да се грижам дека ќе станам ужасен родител како татко ми, кој ме занемаруваше и беше доминантен… Отровот на татко ми направи да се движат низ свет полн со измами и порази, без да земам што било при срце. Тоа е така затоа што сфатив дека преживеав како негова ќерка со самото преправање како да не сум негова ќерка.

Од друга страна, може да ги прифатите оние карактеристики или навики што ги гледате како позитивни – авантуристички дух на родителот, љубезност и дарежливост кон непознати, кон храна и слично. Карен Гринсби Бејтс, авторка, во својот есеј објаснува: „Нашата мајка произлегуваше од долга линија на луѓе кои го наследиле она што го нарекувавме хранителски ген“. Таа објаснува дека нејзините роднини го имале тој ген. Па дека и таа самата го има. „Секогаш има нешто што јас го претворам во вечера.“

Кои карактеристики вие сте ги наследиле од вашите родители?

Автор: Сузан Њуман

Извор



912

X