Мајките од тип Б се познати по нивниот опуштен, флексибилен пристап кон родителството. Тие се оние што ја напуштаат куќата носејќи и чанта и торба за пелени, речиси забораваат да ги стават кутиите за ручек на своите деца во ранците и ги наоѓаат клучевите дури откако ќе пребараат низ биро преполно со цртежи и парчиња хартија. Ова може да им изгледа како хаос на некои, но вистината е дека има повеќе придобивки од поопуштениот стил на родителство отколку што мислите.
Што точно е мајка од тип Б?
Мајка од тип Б е жена со опуштена, релаксирана личност кој не живее според строг распоред, ниту ги поминува деновите со список на обврски при рака. Таквата мајка често верува дека малку неорганизираност, всушност, им помага на децата да станат поотпорни и понезависни.
-Во основа, мајка од тип Б е едноставно некој што е порелаксиран. Таа може да биде помалку ригидна и помалку загрижена за секој детаљ, што не е нужно лошо, и верува дека работите секогаш ќе се средат на крајот – објаснува Елизабет Конрад, доктор на науки, клинички и развоен психолог за родители.
Најчестите карактеристики на мајките од тип Б:
-спонтана опуштена и флексибилна
-понекогаш заборавна, често доцни
-не сака строги рутини
-импровизира кога е потребно
-губи работи низ куќата
-не ѝ пречи малку неред, а децата често ја сметаат за позабавен родител.
По што се разликуваат мајките од тип А и тип Б?
Мајките од тип А се организирани, точни, сакаат планирање и ред. Мајките од тип Б одат повеќе „каде што дува ветерот“ и претпочитаат мир, пред совршено распоредени кутии со играчки. Со други зборови – иста цел, само различен стил на возење.
Знаци дека сте мајка од тип Б
Дали се препознавате? Вашиот фрижидер е покриен со детски цртежи. Вечерата се јаде каде што е најтивко – маса, кауч, под… Клучеви? Картичка? Каде се сега?! Кошницата за перење е секогаш полна. Постои вечерна рутина… но повеќе како препорака отколку како правило. Купивте планер, а потоа го игнориравте. Вашата чанта е мини верзија на сè во едно: марамчиња, фластери, колачиња, половина играчка… Автомобилот ретко е целосно чист. Креветите не се наместени – и кому му е гајле за тоа. Секогаш брзате, дури и кога сте речиси готови навреме. Носите спонтана одлука да нарачате достава…
Примери за типични ситуации со мајки од типот Б
-Децата се облекуваат пребарувајќи низ корпата со чисти алишта. Во автомобилот сфаќате дека сте ја заборавиле торбата за пелени… и клучевите. Дури на пат кон игралиштето се сеќавате дека вашето дете не е искапено два дена. На каучот наоѓате чинија што изгледа доволно чиста – па зошто да не се искористи? Одговарате на пораката од вашата пријателка три дена подоцна бидејќи времето за капење ви го одзело вниманието.

Придобивките од тоа да се биде мајка од типот Б
Д-р Конрад нагласува дека повеќето родители не се вклопуваат само во еден тип – некои од нас понекогаш се А, некои се Б, во зависност од ситуацијата. И сите овие „типови“ носат нешто добро. Еве што е особено вредно за пристапот Б:
Помалку стрес во домот
Без строги распореди и очекувања, атмосферата е порелаксирана. Проблемите се решаваат како што се појавуваат, а децата учат дека животот не мора да се планира до последен момент.
Децата учат да прифаќаат грешки
Заборавањето сендвич, правењето грешка од брзање или губењето на трпението е дел од родителството. Со разговор и поправање на односите, децата развиваат отпорност и емоционална зрелост.
Вие сте мајстори за импровизација
Лист хартија? Влажно марамче? Грицки? Сите се скриени некаде. Децата ве гледаат како решавате работи во лет и учат како да се приспособуваат, вештина што вреди злато.
Вие ја охрабрувате независноста на децата
Помалку ригидните рутини честопати значат повеќе простор за децата да се организираат, да се забавуваат и да преземат одговорност. Д-р Конрад вели дека е одлично кога детето самото ќе се сети кога има тренинг бидејќи тоа гради лидерство и независност.
Автор: Карина Шиждрак