Често зборуваме за родовата нееднаквост и можеби тоа ќе се прави сè додека не дојдеме до ситуација кога во таа област ќе има доста забележливо подобрување. Да се соочиме, иако проблемот секогаш се дебатира, далеку сме од целта што треба да се постигне. И се разбира дека само жените се гласни по тоа прашање. Родовите разлики се присутни во многу нешта, вклучително и работата. Дискриминацијата не ги засега само улогите, кои се дистрибуирани нееднакво, туку и платата на жените во просек е пониска од онаа на мажите. Дискриминацијата продолжува, како да не е доволно, дури и на интервјуата за работа.

Веројатно ни се случило на сите, барем еднаш, да се соочиме со непријатно прашање за време на интервју за работа, дали сакаме или не – да имаме деца. Прашањето навидум не се поставува од чиста љубопитност на лицето задолжено за човечки ресурси, туку од желбата да се разбере дали жената може да ја извршува таа позиција за која аплицира. Бидејќи досега сме научиле на потешкиот начин дека жената која сака да создаде семејство, или која веќе има деца, може да стане товар за компанијата. Па така – Дали сакаш да имаш деца? не само што е непријатно и дискриминирачко прашање, туку е и нелегално. Како прво, ова е информација што ја засега само приватната сфера на кандидатот, без разлика на полот и не треба да стане премиса за вработување. Лицето треба да биде испрашано за своите професионални вештини, а не приватни и лични одлуки.

Според многу законски уредби во многу земји во светот, секоја форма на дискриминација за пристап кон работа и во работни услови – е забранета. Секоја дискриминација базирана на пол е забранета без разлика на пристапот до вработувањето, дали е автономно или некоја друга форма, како и без разлика на тоа за кој сектор или активност се работи, на сите нивоа во хиерархиската професионалност. Оваа дискриминација, како што е специфицирана, е валидна дури и ако е имплементирана преку референциите за брачниот статус, семејниот статус или бременост. Прашањето, следствено на тоа, никогаш не треба да биде поставено за време на интервју, ниту на машки кандидати бидејќи приватните животни избори не смеат да бидат поврзани со работната позиција.

За жал, и покрај цврстите забрани во законот, често се случува индивидуите да се соочуваат со вакви дискриминирачки ситуации. Што да се прави кога ќе бидете соочени со вакво прашање? Одбијте да одговорите – ваше право е.

Автор: Иларија Бараброса

Извор



912

X