Дури и пред да речам дека не сакам мојата 15-годишна ќерка да работи сезонска работа ова лето, таа веќе дојде кај мене велејќи ми дека сака да работи. Не можев, а да не се сетам кога јас имав 15 години, подготвена за мојата прва работа. Мајка ми познаваше фармацевт, па го праша дали вработува. Ме одведе во аптеката, а фармацевтот почна да ми поставува прашања за кои претпоставувам дека беа интервју.

Сега дојде денот кога ѝ помагам на мојата ќерка да ја најде својата прва работа. И не сум сама. Додека испраќав пораки на пријатели со деца на иста возраст, наидов на истражување кое открило дека 70 отсто од генерацијата „з“ бара од родителите да им помогнат во процесот на барање работа.

Истражувањето, спроведено од „Резјумтемплејтс“, ги разгледало одговорите на 1.428 „деца“ на возраст од 18 до 27 години кои барале работа во текот на изминатата година. Меѓу поинтересните резултати беше дека 25 отсто од генерацијата „з“ кои барале работа ги зеле своите родители на интервјуото за работа.

И тоа не е сè – генерацијата за која некои велат дека може да биде малку мрзлива, исто така бара помош од родителите за пишување резимеа и поднесување апликации за работа. Дури 36 отсто од испитаниците ги вклучиле нивните родители додека разговарале со менаџерите за вработување.

Важно е да знаете дека вашето дете ќе направи грешки во процесот на барање работа и за време на интервјуата, но сето тоа е дел од учењето. Треба да знаете дека и вие некогаш сте биле таму. Да, тешко е да ги оставите децата да се снаоѓаат во светот на возрасните, но важно е да ги оставите за тие да станат независни.

Извор



912

X