Воспитување

Дали премногу им угодувате на вашите деца?

Кога вашето дете плаче во продавница или во ресторан, може да биде тешко да се одолее на искушението да му го дадете она што го сака за да го смирите и да се ослободите од љубопитните погледи на минувачите. Меѓутоа, прекумерното угодување на детето може да има несакани последици, вели детскиот психолог Лорен Силверс.

„Понекогаш мора да направите нешто што можеби не ви се допаѓа за да ги пребродите тешките моменти и да ги спречите последиците кои можат да ви се удрат од глава вам и на вашето дете“, вели психологот, која е специјализирана за социјални вештини и проблеми во однесувањето во детството.

Силверс забележува дека прекумерното угодување не е исто што и разгалувањето. Прекумерното угодување им го олеснува животот на родителите, додека разгалувањето се однесува на потребите и желбите на детето. Ако сакате да знаете дали премногу му угодувате на вашето дете, поставете си ги овие четири прашања:

Дали моите постапки го попречуваат развојот на детето?
Дали му посветувам непропорционално внимание, играчки, потребни работи или пари на детето?
Дали правам некои избори кои ми користат повеќе мене отколку на детето?
Дали однесувањето на детето на некој начин им штети на другите, општеството или планетата?

Ако одговоривте потврдно на кое било од овие прашања, веројатно му угодувате на вашето дете до потенцијално штетен степен.

„Поставете некои правила и потоа држете се до нив. Ако сте претерале со угодување на вашите деца некое време, повлекувањето ќе предизвика непријатен одговор. Но на долг рок, тоа ќе му помогне на вашето дете да стане одговорен, независен возрасен човек“, заклучува Силверс.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top