Игротека

Дали партнерите треба да си ги знаат шифрите од мобилните?

Кога ќе влезете во сериозна врска или сте веќе во брак и имате деца, границите меѓу приватноста и довербата стануваат уште почувствителна тема. Едно од најчестите прашања што си ги поставуваат паровите е: дали партнерот треба да ја знае шифрата од вашиот мобилен?

На прв поглед изгледа како ситница, но зад ова прашање често се кријат многу подлабоки нешта како доверба, чувство на сигурност, но и потреба од личен простор и граници.

Не е до шифрата, туку до довербата

Експертите се согласуваат: вистинското прашање не е дали партнерот ја знае вашата шифра, туку каква е вашата врска во однос на довербата и несигурностите.

Со други зборови, кога постојат отвореност, почитување и доверба, шифрата станува небитна. Или ја имате, но не ја користите, или воопшто и не ви е важна.

Кога шифрата станува проблем?

Ако некој ја бара шифрата за да проверува пораки од љубомора или поради страв, тоа не е доверба, тоа е потреба за контрола. Експертите предупредуваат дека тоа води до уште поголеми проблеми: едниот се чувствува надгледуван, другиот несфатен.

– Споделувањето шифра може да изгледа како решение, но само го одвлекува вниманието од вистинскиот проблем. Ако нешто ве мачи, многу е поважно да разговарате отколку да ѕиркате во туѓ телефон – вели советникот Ричард Дробник.

Во некои ситуации, кога парот живее заедно, има деца и ќе се случи нешто итно, има логика да се знае шифрата. Не за да се читаат пораки, туку за практични цели и безбедност.

Некои парови гледаат на тоа како на знак на близина и зрелост во врската. Но експертите предупредуваат дека тоа треба да биде резултат на заемен договор, а не на страв или недоверба.

Да се даде шифрата или не?

Сè зависи од динамиката во врската. Ако едниот инсистира на шифрата за да добие „доказ за верност“, тоа е знак дека треба да разговарате, не за телефонот, туку за довербата. Ако ви е сеедно и ја имате шифрата заради практичност, тоа е во ред.

Запомнете: споделувањето шифри не е замена за искреност. Ако врската е здрава, шифрата ништо нема да промени. Ако не е, ни таа нема да помогне.

Извор

Поврзани написи

To top