Квин Кели, лиценциран терапевт за брак и семејство, за „Бејби чик“ признава дека е една од оние мајки што повеќе пати помислиле дека на татковците им е многу полесно. „Откако имам деца, често се прашувам како би било сопругот и јас да си ги замениме улогите само на еден ден. Можеби би можел да го искуси она низ кое секојдневно поминувам“, рекла таа.
Нема многу мајки што имаат можност да ја остварат таа фантазија, но Квин успеала. „Откако го родив третото бебе, слушнав како мојот сопруг, откако дојде дома, драматично изјави: – Емоционално сум исцрпен“. Морав добро да се контролирам за да не експлодирам, додава таа. Се прашувала од што е исцрпен нејзиниот сопруг, а нејзиниот сопруг се жалел дека не спие доволно и престојува 8 часа на работа.
„Со оглед дека тоа беше период кога нашето бебе беше будно цела ноќ, немав време за емоционална исцрпеност бидејќи бев премногу физички исцрпена. Немав никаква емпатија кон него“, појаснила Кели, која потоа ги заменила улогите со сопругот. Распоредот го резервирала за 8 клиенти. Наутро почнала да се подготвува за работа. „Денот започна баш онака како што замислував. Децата врескаа на врата додека одев, а мојот сопруг го држеше бебето и мавташе со очајничка насмевка на лицето. Јас во тој момент помислив – Нека ужива во денот. Сигурно ќе почувствува колку е тешко мајчинството. Сепак, мојот ден на работа беше исцрпувачки и почнав да се надевам дека ќе примам повик за помош од сопругот. Се тешев дека веројатно не сака да покаже емоции и стрес. Кога дојдов дома, ме дочека пријатна атмосфера на која никако не се надевав. Во тој момент одлучив дека нема да му покажам колку сум изморена. Сакав да ми признае дека е изморен и дека било напорно, но добро издржал“, тврди Квин.

Заклучила дека е многу важно да се ставите во позиција на некој друг. „Како терапевт, сметам дека сум прилично добра во тоа што го правам со моите клиенти, но како родител и партнер, понекогаш мислам дека сум повеќе емпатична отколку што навистина сум. Се ставив во негова кожа, но сепак ми е подрага мојата. По неколку недели, додека бев на работа, ми стигна порака: – Навистина е тешко да се биде дома со 3 деца. Се разбира дека е, како што е тешко по непроспиена ноќ да се поминат 8 часа на работа.
Облечете ги туѓите чевли и потсетете се да го цените она што го имате. Променете го она што не ви се допаѓа. И кажете благодарам кога е потребно, дури и ако ви е тешко. Тоа е добро за нас, а и ќе ги усреќите другите. И за чудо, кога ќе покажеме емпатија, склони сме да ја примиме и за возврат.
Автор: Квин Кели