На прашањето дали да спиете или не спиете со градник за доење, всушност, нема точен одговор бидејќи одговорот во голема мера е диктиран од личните преференции. Некои мајки сметаат дека спиењето во градник за доење е поудобно, додека други сметаат дека не треба да го носат додека спијат.

Доколку сте во дилема, треба да земете предвид неколку важни фактори, вклучувајќи ги големината на градите, колку млеко ви протекува и вашата лична удобност.

Големина на градите

Ако имате мали гради, носењето градник е прашање на преференции. Но, ако имате големи, полни гради, тогаш градникот ќе ви даде поголема удобност.

Дури и ако имате помали гради, можеби ќе ја сакате удобноста што ја дава градникот за доење во текот на првите неколку недели по раѓањето на вашето бебе.

Истекување на мајчиното млеко

Некои мајки што дојат се соочуваат со истекување на мајчиното млеко, а тоа се намалува кога телото ќе се приспособи на доењето. За да не ви истекува, потребно е да ставите влошки за доење, но за да ги користите, треба да носите градник што ќе ги држи на место.

Удобност

Личната удобност е многу важна. Последното нешто што ви треба е да ви биде непријатно кога се обидувате да се одморите.

Избор на градник за доење

Ако одлучите да носите градник за доење навечер, треба да најдете некој што ќе ви одговара. Мекиот памучен градник за доење е добар избор и за дење и за ноќе, но можеби претпочитате спортски градник за спиење навечер.

Избегнувајте градници со жица или градник што е тесен и ви ги притиска градите. Тесните градници со жица може да ги затнат млечните канали и да предизвикаат маститис.

Извор



912

X