Здравје

Дали ќе примаат вакцини тие што прележале Ковид-19, објаснува Филипче

Македонија се подготвува за масовна вакцинација на населението, а први ќе бидат здравствените работници и тие што имаат директен контакт со заболени од Ковид-19. Премиерот Зоран Заев најави дека веќе е уплатен аванс за 830 илјади вакцини. Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција рече:

– Засега, тие што прележале, не се во групата за вакцинирање. Но, останува отворено прашањето околу сертификати за тоа дали сте примиле вакцина. Можно е да се бараат при патувања, на аеродроми, на граници. Редовно ја следиме состојбата и препораките на Светската здравствена организација. Можно е понатаму да има и други препораки – рече Филипче.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top