Воспитување

Дали им дозволувате на децата да јадат слатки и печива? Тогаш вие сте дел од новиот тренд во родителството

Родителите што им дозволуваат на своите деца да уживаат во слатки, чипс, печива, чоколади и бонбони имаат нов наслов: мајки-гумени мечиња (gummy bear mums).

-Мајките гумени мечиња во основа се сосема спротивни од бадем-мајките или родителите опседнати со исхраната, кои јадат многу малку и вршат притисок врз своите деца – објаснува тиктокерката Џустина.

Со други зборови, мајките-гумени мечиња имаат полна остава и фрижидери. Тие се секогаш подготвени за неочекувани гости или за нивните деца, бидејќи нивните кујни се полни со секакви грицки и слатки.

-Сфаќам дека сум во таа група, но грицките се скапи, па се обидувам да ги ограничам. Но, тогаш се чувствувам како мајка-бадем и не ми е удобно со тоа. Тоа е маѓепсан круг – коментирала една мајка на „Тик-ток“.

Мајките-гумени мечиња сакаат да ги нормализираат задоволствата. Наместо да ги демонизираат слатките, тие нудат печива, слатки или сладолед како дел од балансирана исхрана.

-Десертите се само храна – сметаат тие.

И лекарите се согласуваат, велејќи дека ограничувањето на храната кај децата може да биде штетно за развојот, иако треба да се консумира умерено.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top