Воспитување

Дали е во ред да го користите Дедо Мраз против своите деца?

Секој е експерт за родителство сè додека навистина не добие деца. Од идеите дека вашето дете мирно спие во креветчето, до бавно зготвените оброци за кои се заколнувате дека ќе ги правите додека не сфатите колку брзо малечките огладнуваат – најдобро поставените родителски планови често пропаѓаат, веднаш штом ќе ги запознаеме нашите деца и ќе сфатиме колку е тешко родителството.

Еден татко неодамна објавил видео со празничен пресврт на социјалната мрежа „Инстаграм“ – и видеото е урнебесно.

Сè започнало пред околу една недела кога таткото споделил став за Дедо Мраз: мито.

„Дојде сезоната за да го вооружиме Дедо Мраз“, се вели во натписот.

Видеото започнува со текст во кој стои: „пред деца“. И пред децата, овој татко избегнувал да го користи Дедо Мраз или да користи мито како тактика – нешто што деновиве се смета за тактика која е надвор од мода во родителството, особено на социјалните мрежи.

„Никогаш не треба да ги поткупуваш или да им се закануваш на твоите деца за да направат нешто“, рекол таткото пред да има деца. „Не знам. Само ќе ги воспитувам моите деца многу поинаку“, се вели во првичните видеа на таткото, пред да стане родител.

Потоа, се префрламе на живот со вистински деца, а таткото е во расположение за целосно поткупување.

„О, не ми веруваш дека го познавам?“, прашува тој, преправајќи се дека зборува со дете.

Потоа, започнува телефонски повик, лично со Дедо Мраз.

„Дедо Мраз? Како си?“, почнува таткото. „Значи, тука е Престон, кој одбиваше да ја јаде својата вечера. Тој всушност го истури јадењето на подот, да… Дали треба да испратиме формално писмо за да го преместите од листата со добри деца на списокот за непослушни?“

Бидејќи таткото и Дедо Мраз се „момчиња“, нема потреба од ништо формално. Таткото може само да праша. Потоа таткото се враќа на обраќањето кон „Престон“.

„Дедо Мраз вели дека прави список. Го проверува двапати. Подобро би било да ги изедеш пилешкото, грашокот и оризот“, му вели таткото на синот.

Феноменалната рима која тој ја користи и поткупот кој го употребува како тактика навистина функционирале кај детето. Видеото завршува така што Престон ја изедува храната.

Може да се каже дека луѓето кои коментирале (за среќа) ја сфатиле поентата: Оваа објава имала цел да биде необична, да биде начин на кој родителите ќе се насмеат пред да почне празничната треска.

„Засили ја малку работата – јас му се јавив на Господ“, се вели во еден од коментарите.

Друг родите го прескокнал Дедо Мраз и се упатил право кон Гринч.

-Буквално го имам својот број зачуван на телефонот како „Гринч“ и имам поставено фотографија од Гринч на самиот контакт, па децата мислат дека му се јавувам и го молам да дојде и да го украде Божиќ. Исто така, си оставам говорна пошта секоја вечер – рекол родителот.

Има реални причини зошто тие измислени разговори се значајни. Но, понекогаш, забавно е да им возвратиме на децата и да им се смееме на помислата за тоа какви родители сме сметале дека ќе бидеме.

Автор: Бет Ен Мајер

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top