Ако детето нема крвна група ниту на мајката ниту на таткото, не мора веднаш да помислите дека е заменето во породилиштето. Има ситуации кога тоа е сосема нормално, а резултатот е комбинација на гени.
Дали е можно детето да нема крвна група ниту на таткото ниту на мајката?
Бидејќи повеќето гени имаат две копии, и двајцата родители имаат по две копии од секој свој ген, и двајцата му даваат по една копија на бебето – можностите за комбинации се многу. Само со тоа постои можност да имаме крвна група каква што нема ниту еден од нашите родители.
Подолу ви ги претставуваме можните комбинации.
Детето од секој родител го наследува генот А, Б или 0. Генот А и генот Б се доминантни.
Веќе на почетокот гледаме како е можно дете чии родители имаат крвна група А, да има крвна група 0. Истата ситуација се случува ако едниот родител има крвна група А, а другиот Б, детето може да има крвна група АБ поради комбинација на гени. Во случај кога двајцата родители имаат крвна група 0, детето може да има само иста крвна група како родителите.
912