Здравје

Дали е безбедно да се вози велосипед во бременоста?

Иако возењето велосипед додека жената е бремена не е нужно ризично, гинекологот Лаки Секон вели дека во некои случаи сепак треба да се избегнуваме оваа активност.

„Треба да се грижите за одредени проблеми или потенцијални ранливи ситуации. На пример, во првото тримесечје, кога мачнините и вртоглавиците се најчести, губењето на рамнотежата е еден од можните ризици. Важно е да бидете внимателни и да го слушате вашето тело, а ако ви се врти, престанете со тоа што го правите. Начинот да го спречите ова е да останете хидрирани и да се осигурите дека не возите на празен стомак“, вели гинекологот Секон.

„Дополнително, високото ниво на прогестерон може да ги направи лигаментите полабави, што може да ги направи и посклони кон кинење или истегнување. Важно е да забавите со темпото или да прекинете со возење ако почнете да го чувствувате ова напрегање и внимателно да се истегнете пред и по возењето велосипед“, додава тој.

Извор

Поврзани написи

To top