Лошиот квалитет на воздухот во последните денови е тема на многу разговори меѓу родителите. Имено, квалитетот на воздухот е лош со денови, поради што на чувствителните групи не им се препорачува подолг временски период да поминуваат на отворено, особено ако имаат симптоми како отежнато дишење и иритација на грлото. Се поставува прашањето дали е безбедно да се изнесат бебиња и мали деца на свеж воздух кога е присутна.

Самата магла не е штетна – тоа се капки вода кои лебдат во воздухот. Но, проблемот настанува кога во маглата се заробени штетни честички од воздухот, како што се загадувањето од автомобилите, индустриските емисии и домаќинствата кои користат фосилни горива за греење. Овие честички можат да го влошат квалитетот на воздухот, особено во зимските денови кога температурите се пониски, а воздухот стагнира.

Лекарите советуваат за време на загаден воздух децата да не престојуваат на отворено, особено оние со здравствени проблеми, како деца со хронични заболувања, деца со алергиски заболувања, астматичари, според препораките на доктор Милан Јуриќ од Хрватска.

Како влијае лошиот квалитет на воздухот врз децата?

Децата, особено бебињата, се почувствителни на загадениот воздух. Нивниот респираторен систем сè уште се развива, а вдишувањето штетни честички може да ги иритира дишните патишта, да предизвика кашлање, отежнато дишење, па дури и да предизвика астматични напади кај децата склони кон алергии. Исто така, истражувањата покажуваат дека долготрајната изложеност на лош воздух може да влијае врз целокупното здравје на детето.

Дали е дозволено шетање со деца во магла?

Според препораките на експертите за јавно здравје, во деновите кога квалитетот на воздухот е многу лош, најдобро е да се избегнуваат долги прошетки, особено наутро кога маглата е најгуста. Ако е можно, прошетките со бебиња и мали деца треба да се ограничат на пократки периоди или да се одложат до подоцнежните часови, кога маглата ќе се подигне и воздухот малку ќе се исчисти.

Како да ги заштитиме децата?

Следете ги индексите за квалитетот на воздухот. Денес постојат апликации кои можат да ви кажат каков е квалитетот на воздухот во вашата близина. Ако вредностите се високи, размислете за одложување на прошетката на отворено.
Изберете паркови и зелени површини: Ако веќе излегувате, подобро е да посетувате паркови или области подалеку од патиштата бидејќи нивоата на загадување обично се пониски во природните средини.
Избегнувајте утрински прошетки: Маглата е најгуста наутро, па за здравјето на детето е подобро да се почека до подоцнежните часови, кога воздухот малку ќе се расчисти.
Иако самиот смог не е опасен, загадениот воздух може да има негативни ефекти врз здравјето на малите бебиња и децата.

Разумноста и приспособувањето на временските услови, како и следењето на стручните препораки за квалитетот на воздухот, може да им помогнат на родителите да ги заштитат своите најмлади и да им обезбедат безбедна и здрава средина за раст.

Извор



912

X