Здравје

Дали е безбедно да се јаде зачинета храна за време на бременоста?

Можеби сакате лути пиперки или зачинети пилешки крилца за време на бременоста – но дали смеете да јадете зачинета храна?

Експерти откриваат дали смеете, кои се можните несакани ефекти и други работи.

Секој што добил желби за одредено јадење во текот на бременоста знае дека тие не секогаш имаат смисла. Ако сте сакале да јадете зачинета храна, сигурно сте се запрашале дали тоа ќе влијае врз вашето бебе.

За среќа, експертите велат дека генерално е безбедно да се јаде зачинета храна додека сте бремени.

– Нема докази дека јадењето зачинета храна претставува значителен ризик за бебето во утробата. Сепак, важно е да се забележи дека секоја бременост е уникатна, а индивидуалната чувствителност варира – вели Шандра Скрагс, медицинска сестра.

Мит е дека зачинетата храна не е безбедна во бременоста. Треба да знаете дека зачинетата храна нема да влијае врз развојот на вашето бебе, иако може да предизвика несакани ефекти кај бремената жена. Овие несакани ефекти генерално не се опасни, но и покрај тоа, најдобро е да се јаде зачинета храна во умерени количини.

Зошто повеќето бремени жени сакаат зачинета храна?

– Не сме сосема сигурни зошто се појавуваат овие желби, но веројатно поврзани се со хормоните за бременост, нутритивните потреби и како личноста се чувствува ментално – објаснува Скрагс.

Истражувањата покажуваат дека од 50 до 90 отсто од бремените жени доживуваат желба за одреден вид храна во одреден момент. Конкретно, желбата за зачинета храна не е поврзана со одредени здравствени проблеми, така што не мора да се грижите ако постојано посегнувате по зачинет чипс или лути пиперчиња.

Придобивките од јадење зачинета храна во текот на бременоста

Вклучувањето зачини во вашата исхрана за бременост е поврзано со позитивни резултати и за родителите и за бебето:

– Воведување нови вкусови на вашето бебе. Доказите покажаа дека плодовата вода е ароматизирана од храната што се јаде за време на бременоста, а бебињата имаат поголема веројатност да прифатат вкусови слични на оние со кои се сретнале во матката. Ова значи дека пробувањето зачинета храна во бременоста може да го поттикне вашето малечко да пробува различни видови храна подоцна во животот.

– Засилен имунитет. Друга придобивка од јадењето зачинета храна е зајакнувањето на вашиот имунолошки систем. На пример, капсаицинот (кој им дава лутина на пиперките) има антиинфламаторни својства. Исто така, зачинетата храна може да го намали лошиот холестерол, а тоа теоретски може да го намали ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар.

Несакани ефекти од јадењето зачинета храна

Знаеме дека јадењето зачинета храна кога сте бремени е безбедно, но препуштањето на овие желби може да предизвика неколку непријатни несакани ефекти. Ова се најчестите

Киселини во желудникот и рефлукс на киселина. За време на бременоста вашите органи се менуваат за да направат простор за матката која расте, а хормоналните промени го релаксираат вентилот што го дели желудникот и хранопроводот. Резултатот? Зголемен ризик од металоиди.

Абдоминална непријатност. Друга промена што доаѓа со бременоста е забавувањето на варењето, што може да доведе до абдоминална непријатност кога јадете одредени работи, како зачинета храна. Покрај варењето, зачинетата храна може да предизвика и дијареја и гасови.

Уште понепријатна утринска мачнина. Јадењето зачинета храна може да ја влоши мачнината во бременоста. Повраќањето не е пријатно за почеток, но кога е зачинета храна, може да биде уште полошо.

Дали зачинетата храна може да предизвика породување?

Некои луѓе тврдат дека јадењето зачинета храна може да предизвика породување, но дали е тоа вистина?

Според доктор Анеш Чаула, ова не е вистина.

– Консумирањето зачинета храна, особено во поголеми количини, може да резултира со гастроинтестинална иритација што резултира со грчеви во стомакот слични на контракции – вели тој. Но, овие контракции всушност не можат да предизвикаат породување.

– Нема директни докази дека јадењето зачинета храна резултира со поттикнување породување – додава тој.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top