Блогерот Сергеј Косенко, кој има речиси седум милиони следбеници, објавил видео на кое фрла бебе врз снежна покривка.
Видеото брзо стана вирално и предизвика бурни реакции, по што таткото ја избриша објавата и се извини, велејќи дека во видеото не е снимено живо дете, туку кукла со лицето на неговиот син, кое го поставил преку филтер. Широката дискусија не ја пропуштила ниту Екатерина Мизулина, шефицата на Лигата за безбеден интернет. Таа на својот канал на „Телеграм“ објавила дека Истражниот комитет на Руската Федерација ќе покрене кривична постапка против Сергеј Косенко „поради фактот што извршил незаконски дејствија врз новородено дете“. Таа, исто така, не верувала во покајанието и извинувањето на блогерот.
Реакции на корисниците
Дискусијата за видеото не завршува тука: видеото постојано се објавува на платформата „Екс“ и на „Телеграм“, а корисниците на социјалните мрежи продолжуваат да пишуваат коментари. Така, Сергеј Косенко е прогласен за „татко на годината“ – корисниците кои биле огорчени од неговото видео потсетиле колку фрлањето во снег може да биде опасно за малите деца, а исто така истакнале дека на ова семејство треба да му обрнат внимание органите за згрижување и старателство. Некои го нарекле фрлањето деца во снег: „нова верзија на Спарта“.
Поддршка
Сепак, некои застанале на страната на Косенко. „Сите го правеа ова кога беа деца. Сега навистина расте генерацијата на мимози“, е еден од коментарите. „И мене ме фрлаа во снег. Кога пораснав, почнав и самиот да скокам во снегот. Беше прекрасно“.
Гледиштето на експертите
Екатерин Тур, педијатар и невропсихолог, објаснува:
-Денес блогерите се борат за внимание, лајкови и популарност. За жал, ова често резултира со замаглување на границите помеѓу она што може и што не може да се направи – и тоа е она што го покажува видеото. Особено во однос на децата. Сергеј Косенко е популарен затоа што ги копира туѓите трендови и со тоа ја зголемува гледаноста. И овој пат реши да повтори случаен тренд од интернет, во кој мајка си го спушта своето едногодишно дете на снегот. Блогерот решил да го стори истото со својот седумнеделен син – и не само да го спушти на снег, туку насила да го фрли во воздух. Вакви видеа не можете да правите – ниту со бебиња на возраст од седум недели ниту со едногодишни деца. Таквите видеа треба да се сметаат за опасна содржина – вели таа.
Опасноста од фрлање во снег
-Предмети под снежните наноси. Нема изгледи дека родителите провериле што има под обилниот снег, бидејќи не можеле точно да видат каде паѓа снегот, што значи дека бебето не било заштитено од огради, грмушки или камења што може да се под наносите на снег.
-Удирање во снегот. Детето на оваа возраст не може да ја држи главата стабилно, па секое тресење, фрлање, а особено паѓање може да доведе до поместување, скршеници и неповратни последици. Во исто време, без разлика колку бебето било завиткано, ниту една фиксација на вратот и главата нема да го заштити од удар на снежната површина.
-Преоптоварувањето во голема мера го зголемува и ризикот од развој на синдром на ненадејна смрт, не само поради стресните искуства, туку и поради нерамнотежата во нервните врски поради ударот (детето било фрлено на висина три пати поголема од неговата висина).
-Стрес. Студениот снег, ненадејната темнина и затворениот простор во кој се наоѓа детето, дури и за дел од секундата, е тежок стрес кој исто така може да доведе до неповратни последици.
-Синдром на потресена глава. Светската здравствена организација веќе предупредува – родителите да не го фрлаат и фаќаат своето дете. Синдромот на потресена глава е цел еден комплекс на органски нарушувања кои се развиваат во двофазен процес на забрзување (повраќање) и супер кочење (запирање на падот) на бебето. Се јавува на која било возраст, но најопасно е пред шестиот месец, кога мускулите не ја држат стабилно главата и таа буквално виси во воздух. Поради ова, нервните врски на мозокот се дестабилизираат, додека не пукнат клеточните мембрани, што може да доведе до крвавење во мозочното ткиво.