Кога ќе дојде есента, многу родители како мерка на претпазливост почнуваат да им даваат на децата разни суплементи и витамини, сакајќи да им го зајакнат имунитетот и да избегнат настинки и вируси.
Но, на децата кои се здрави и немаат индикации за внес на дополнителни витамини и суплементи, т.е. не им е дијагностициран специфичен недостиг на витамин, давањето на овие производи нема да помогне во зајакнувањето на имунитетот, велат експертите од „Харвард“.
-За жал, тие производи нема да помогнат во овој случај. Нема докази дека можат да помогнат во борбата против болеста – вели професорот по микробиологија на Медицинскиот факултет на „Харвард“, д-р Мајкл Старнбак.
Кој треба да зема витамини?
Иако на здравите деца веројатно нема да им помогне внесот на витамини, има мали деца кои навистина треба да земаат одредени додатоци и суплементи во исхраната. Еве кога се препорачува децата да земаат витамини:
-Ако детето слабо јаде и има слаб апетит;
-Ако детето поради здравствена состојба мора да следи одредена диета во која е исклучена цела група на храна;
-Ако детето има алергија на некоја храна;
-Ако му е дијагностицирано заболување на црниот дроб, жолчното кесе, цревата или панкреасот и има хронична дијареја;
-Ако детето заостанува во развојот во споредба со неговите врсници (физички и во раст).
Пред да му дадете на вашето дете какви било витамини и суплементи, совет е да се консултирате со вашиот педијатар, кој ќе ви каже што и колку треба да зема малечкото.
Имајте на ум дека најдобри извори на витамини се природните, т.е. храна како овошје, зеленчук, интегрални житарки, мешунки, млеко, месо, риба и дека покрај земање дополнителни витамини треба да се внимава и на исхраната.
Автор: Наташа Златковиќ
912