Образование

Дали детето треба да ја заврши домашната веднаш по враќањето од училиште? Еве што вели педијатар

Децата не треба да ги прават домашните задачи веднаш штом ќе се вратат од училиште. Прво треба да се одморат, смета педијатарот Катерина Морозова. Таа нагласува дека правилната комбинација на учење и рекреација е клучот за успешно образование и добро здравје.

Педијатрите препорачуваат да се следи важно правило: детето треба да спие најмалку девет часа, додека оптималното време за спиење на учениците е помеѓу 21 и 7 часот. Недостигот на сон и одмор не само што може да влијае врз академскиот успех, туку може и да го влоши здравјето – предупредува таа.

Според неа, паузата по наставата за помладите ученици треба да трае најмалку два до два и пол часа, а за постарите околу час и половина.

Во однос на организацијата на работното место за учениците, експертите советуваат длабочината на масата да биде од 60 до 80 сантиметри, додека висината на столот да биде таква за ученикот да може да ги потпре лактите на површината на масата, а грбот да му биде исправен.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top