Децата имаат големи чувства. Тоа е еден вид нивен главен талент. Големи, бучни, хаотични чувства кои се менуваат побрзо од временската прогноза на море. И како родители, знаеме дека нема друга опција и дека сами сме донеле таков избор. Во последниве години научивме да ја прифатиме таа реалност со многу поголема нежност и разбирање – и така се појави ново родителско мото: „Мора да ги потврдиме сите чувства“. Но… дали навистина мораме?
На „Тик-ток“ мајката под корисничкото име „@baimcpher“ дала изјава што предизвикала лавина коментари.
-Не верувам дека мора да ги потврдиме сите чувства. Не верувам. Нашите чувства можат да лажат. Понекогаш разгалено четиригодишно дете треба да слушне дека треба да престане да лелека. Нема да ја тешам додека се однесува како мало ѕверче. Понекогаш само треба да кажете: доста – рекла мајката.
Звучи сурово? Можеби. Многумина ќе бидат бесни, но дали е толку далеку од вистината? Од една страна – да, оваа изјава е малку погрешна. Бидејќи кога велиме „мора да ги потврдиме сите чувства“, односно да ги прифатиме, да потврдиме дека се валидни и дека е во ред да ги чувствуваме, најчесто веднаш потоа следува изјавата дека – „однесувањето не е секогаш прифатливо“.
Со други зборови: „Нема да ви кажам како треба да се чувствувате – го чувствувате тоа што го чувствувате. Но, мора да научите да го изразувате на начин што не вклучува врескање и фрлање на подот“. Од друга страна – секако дека децата се хаос. И навистина, кога ги гледаме од перспектива на возрасни (со фронталниот кортекс и сè), многу од овие „големи чувства“ изгледаат тотално, тотално… глупави.
@baimcpher Normal but controversial parenting opinion in 2025 lol #parenting #normalparenting #motherhood #momtok #notagentleparent #controversialparenting ♬ original sound – baimcpher
Што велат коментарите?
Од родители кои се целосно против ваков вид „непотврда“ до оние што конечно почувствувале олеснување затоа што некој го рекол тоа што сите го мислеле.
И сега – дали чувствата се валидни или не? Дали треба да се потврдат или не? Можеби поентата е во нијансата. Децата се емоционални урагани, но ние сме тука да ги научиме како да не уриваат сè пред нив секојпат кога ќе се појави бура. Ако им кажеме „немате право да се чувствувате така“, што им кажуваме? Дека нешто не е во ред со нив? Дека е подобро да се потисне чувството отколку да се изрази? Од друга страна, тоа не значи дека секое лелекање треба да заврши со анализа на психотерапевт. Можеби е најдобро да се каже вака: Сите чувства заслужуваат да бидат слушнати – но не и да бидат оние што имаат предност.
Автор: Наташа Крстичевиќ