Новите родители ќе се обидат да направат сè за нивното дете да ја преспие ноќта. Кога станува збор за стресот и несоницата, многумина не прашуваат и ги испробуваат сите достапни методи, а понекогаш спасот го наоѓаат во белите звуци. Но, она што се прашуваат е дали може бебињата да станат зависни од тоа? Експертите даваат одговор.

Во интервју за веб-страницата „Ромпер“, педијатарот Харви Кап вели дека прашањето треба да се преиспита.

– Уште во матката бебињата се изложени на звуци што звучат како гласна правосмукалка. Затоа на бебињата им е тешко на почеток да заспијат без бели звуци – објаснува д-р Карп.

– Грижата дека детето ќе стане зависно од белите звуци е исто како да се грижите дека возрасно лице ќе биде зависно од спиење во кревет или на перница. Претпоставувам дека толку сте зависни од креветот и перницата што кога одите во хотел барате да има перница и кревет. Дали ова ви го уништува животот? Веројатно не. Затоа, пуштајте им ги на децата белите звуци доколку се навикнати на нив, ќе ги направите посреќни, а вие ќе се наспиете – порачува д-р Карп.

Но, д-р Карп посочува да не користите бели звуци во текот на целиот ден. Вели дека на детето ќе му помогне слушањето нормални, вообичаени звуци низ домот при совладувањето на говорот.

– Покрај тоа, треба да се има предвид и гласноста на белите звуци. Американската академија за педијатрија во 2014 година тестира 14 апликации со бели звуци наменети за бебиња и се покажа дека сите ја надминуваат препорачаната граница на 50 децибели – предупредува д-р Карп.

Извор



912

X