Трудниците сакаат да го допираат и галат својот стомак. На овој начин тие се поврзуваат со бебето и комуницираат со него уште од најраните денови. Но, дали бебето чувствува дека мајката го допира стомакот?

Дури и пред бебињата да го развијат сетилото за вид и слух во утробата, тие можат да почувствуваат допир. Бебињата близнаци комуницираат редовно во второто тримесечје од бременоста со меѓусебно допирање.

Додека го галите вашиот стомак во последното тримесечје од бременоста, можете да дознаете и во каква положба е бебето. Може да почувствувате како стомакот на бебето (мек, тркалезен), главата (тврда, кружна) и екстремитетите на бебето, ве удираат отстрана. Кога ќе почнете да ги чувствувате ударите и движењата на вашето бебе во стомакот, што е најчесто помеѓу 18. и 22. недела, вашето бебе може да ве почувствува и вас.

Како реагира бебето кога мајката го гали стомакот?

Експертите кои истражувале како бебињата во утробата реагираат на надворешните дразби, тврдат дека тие доживуваат задоволство кога мајката го гали и допира нејзиниот труднички стомак. Тие вршеле сонограмски студии на бремени жени во текот на второто и третото тримесечје, со цел да ги следат движењата на бебето додека нивните мајки зборуваат, ги галат нивните стомаци или лежат целосно мирни.

Тие дошле до резултат дека бебињата повеќе ги мрдаат рацете, главата и устата кога мајките го допираат својот стомак, отколку кога зборуваат, а на допирот на мајката реагирале помеѓу 21. и 25. недела од бременоста.

Извор



912

X