Освен храната, задушување кај децата може да предизвикаат и ситните предмети што се наоѓаат во речиси секое домаќинство, како и некои играчки. Дадилка, која на социјалните мрежи се претставува како „Волшебната дадилка“, објавила листа со играчки кои никогаш не би ги чувала во својот дом, токму затоа што претставуваат ризик за децата.
„Првата работа се водените зрнца. Тие се непотребни. Водните зрнца се буквално дизајнирани да се шират кога ќе дојдат во контакт со вода. Ако детето случајно проголта некое од нив, тогаш ќе настане огромен проблем“, вели таа.
Ги избегнува сите играчки што имаат мали батерии (батерии во кружна форма, како мали плочи).
„Изгледаат како светкави бонбони и ако испаднат од играчката, што често се случува со евтините играчки, тие се многу опасни. Доколку се проголтаат, може да бидат фатални“, додала дадилката.
На списокот на оваа дадилка се и џамлиите кои се интересни за децата помлади од пет години, но и примамливи за да ги стават в уста. Тие се опасни и за домашните миленици.
И, конечно, дадилката ги истакнува и научните комплети.
„Лудо е што сè продаваат. Постојат многу одлични научни книги што може да ги набавите, кои опишуваат различни безбедни експерименти, а не вклучуваат хемија“, заклучила таа.