Воспитување

Дадилка на четворка покажала што сѐ е потребно за грижата за нив

За четворката од семејството Бредли се грижи дадилката Карли Изабела. Со три девојчиња и едно момче помали од една година, таа има полни раце работа, а неодамна објави видео за основните работи што ѝ се потребни за да се грижи за четири бебиња.

„Четири скокалки, количка за четири бебиња, комбинирана маса со четири стола и 800 пелени месечно“, напишала Изабела.

Видеото има 4,9 милиони прегледи и воодушеви многумина. „Мислев дека 800 пелени е претерување, а потоа пресметав дека навистина им требаат толку“, коментира едно лице.

„Ти се грижиш за цела градинка“, се пошегувал друг корисник.

Автор: Емералд Пело

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top