Балканскиот менталитет го оправдува тоа на различни начини.
Главните реченици се: „Спиј сега додека можеш, нема да имаш време ни да си ја измиеш косата, премногу е тешко, ќе го видиш ова или она, без разлика каков е тој – немаш ништо од маж ти, мојон само седи и гледа, нема да стигнеш ниту кафе да испиеш, нема враќање во младите денови, цел живот грижи“.
А тоа, секако, е случај кога до себе имате уште едно дете кое го нарекуваат сопруг, но сепак е неодговорен за новите обврски.
Да се плаши младиот свет дека бракот е мрак, а децата се чудовишта, е крајно ненормално. Како што избирате и создавате во животот, многу е важно да најдете партнер со кого ќе изградите квалитетна врска, а не да бидете замена за мајка му.
Сè ќе споделите со таа личност.
Истото важи и за жените.
Исмејувањето на поделбата на должностите е често во нашето општество. Никогаш не треба да бидете засегнати од туѓите мислења бидејќи луѓето секогаш имаат што да кажат. Среќата и здравите врски се формираат во семејството, а не по зборовите на соседите Марко, Јанко и другите.
Еден од моите девери кажа феноменална реченица додека бев бремена: „Знаете како, многу пати е тешко и предизвикувачки, но ќе видите, никогаш не би избрал да се вратам на животот пред децата, без разлика колку безгрижно изгледал“.

Секако дека има обврски, цел живот нема да лежите, спиете и да пиете кафе до 15 часот. Тоа се вика растење. Секој период од животот има добри моменти, а и помалку добри моменти, тешки и лесни моменти.
Растењето и созревањето се два големи процеси. Нема ниту совршени животи, ниту присуство на целосна среќа. Многу работи се споделуваат и треба да се споделат. Не само обврските, туку и радости и таги.
И има тешки денови. И траат, но не траат вечно.
Има и убави денови. И траат, но не траат вечно.
Автор: Косана Тојиќ/ дефектолог