Воспитување

Да поставиме граници и да не дозволиме детето да добие премногу подароци за празниците

Божиќно утро, светилки на елката, колачиња на масата. Насмевки на детското лице, возбуда, радост поради исполнетите желби.

Ова се спомени кои секој родител ќе ги чува во своето срце долго време. Но, дали понекогаш претеруваме во желбата да ја видиме радоста на лицето на детето? Дали детето добива премногу подароци?

Она што со сигурност можеме да го кажеме е дека во овој случај од вишокот боли глава, паричникот е празен, а радоста може да ја има и со многу помалку. Давањето премногу подароци на детето навистина може да биде проблем за Божиќ. Да, знаеме, би им дале сѐ, и последниот денар за нивната среќа и нема да зажалиме, но тоа едноставно не е добро.

Ако мислите дека не сме во право, размислете вака: повеќе сакате кога имате еден или два џемпери или кога имате 15? Можете ли еднакво да цените два елеци и 15 елеци? И, покрај тоа, ако имате 15, дали ќе бидете среќни со некој следен или следниот ќе треба да биде спектакуларен за да ви се допадне? Одговорете искрено.

Големиот број подароци малку се ценат

Така е и со подароците. Ако детето добие премногу од нив, нема да ги цени толку како да добие помалку или дури само еден. Веројатно радоста ќе биде голема, но краткотрајна. Освен тоа, ќе си направите лоша услуга и ќе ја подигнете границата на очекувањата уште повеќе. Следниот Божиќ нема да може да помине со помалку подароци, туку со повеќе. Значи, колкав е прифатливиот број на подароци?

Се разбира, бројот на подароци под елката ќе варира од семејство до семејство, во зависност од тоа што можат да си дозволат, но некои ограничувања се исти за секого и важат за секого. Важно е да знаете што и колку вашето семејство може да си дозволи и да не ги надминувате овие граници. Важно е да се биде реален бидејќи во спротивно некој или нешто веќе ќе настрада поради трошоците за Божиќ, а тоа е толку далеку од значењето на овој празник!

Клучот е во умереноста и фактот дека квалитетот е секогаш поважен од квантитетот. На вашето дете не му требаат 20 подароци за да биде среќно. Доволни се два-три, па дури и еден, ако е внимателно одбран, ако ја задоволува желбата упатена до Дедо Мраз и ако се подарува со љубов.

Поставете правила и граници

Правилата и границите се важни во сè, вклучувајќи го и подарувањето. Возрасните се таму за да одредат што и колку може да добие детето и тоа може да важи за секој Божиќ. На пример: еден подарок од Дедо Мраз, еден од родители, еден од баби и дедовци кои не се блиску и децата нема да ги видат за време на празниците.

Исто така, важно е да се постават финансиски ограничувања. Ако не можете да си дозволите да му купите поскапи подароци на детето, тогаш едноставно не правете го тоа.

Подарување искуство

Она што родителите денес го практикуваат, а се надеваме дека ќе биде уште почесто во иднина, е да подарат искуство. Тоа може да биде кратко патување, посета на место што му се допаѓа на детето, можеби патување во воден парк или викенд. Можеби концерт кој детето го сака, голема претстава или слично. Родителот најдобро ќе знае што навистина сака детето и што би го направило среќно.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top