Воспитување

„Да не лаеше кучето, бебето можеби не ќе беше живо“

Многу пати сме чуле како кучиња чуваат бебиња, ги штитат трудниците и се однесуваат како вистински мали заштитници. Една приказна на мајката Кели Ендрју од Конектикат го воодушевила светот. Всушност, нејзиното куче Хенри му го спасило животот на нејзиното бебе.

Кели и сопругот првин му биле многу лути на кучето бидејќи лаело и го будело бебето, сè додека не сфатиле дека тоа се обидувало да го спаси. Кучето забележало дека бебето лошо дише и дека животот му е загрозен, па се обидувало да го освести.

„Синоќа нашето куче дојде до креветчето и почна да ја буди нашата ќерка. Таа беше болна. Кучето лаеше бидејќи таа речиси не дишеше. Цела ноќ ја поминавме во болница. Не сум сигурна што ќе се случеше ако не ја разбудеше кучето. Ние не ги заслужуваме кучињата“, рекла сосема искрено мајката на „Твитер“.

„Бебето е сега добро, а ние сме со Хенри дома. Храбро ја издржа цела ноќ, иако многу се плаши од мрак“, завршила таа.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top