Воспитување

Да играме и да растеме заедно. Полна со насмевки 2019!

Кога растат децата, растеме и ние. Кога учат за себе, учиме и ние. Заедно сме во секој чекор, во секој збор, во секој плач и во секоја насмевка. Не попусто една народна мудрост вели дека кога детето ќе се роди, нашето срце продолжува да живее надвор од нашето тело. И така година за година, грижа по грижа, радост по радост…

Така пред девет месеци почнавме и со овој наш портал за најмилите. И првите стапалки и најголемите чекори ги правиме заедно. Вие и ние и децата. Ние ви влеговме дома, оти вие ни ја отворивте ширум вратата со вашата доверба во она што го правиме сите заедно за да израснеме среќни деца и среќата да ни биде секојдневие, со стручни совети да ги решаваме и малите и големите проблеми, воспитувањето и образованието да ни бидат игра, а насмевките награда.

Во меѓувреме го проширивме семејството, па играме и растеме и со Биби и Боби….

Почнавме оваа година, ќе продолжиме следната, со уште повеќе квалитетни содржини, со уште повеќе стручни соработници, со нови теми, истражувања, нови игри, песнички и приказни…, бидејќи детето е книга која заедно ја читаме и која треба да ја пишуваме.

И следната година ќе се трудиме да бидеме и различни и професионални, и корисни, и блиску до вас кога ќе ви затребаме. А, ќе бидеме тука и кога нема да ви требаме. За секој случај, за убава дружба. Зашто пријателите не се за само кога ќе ни притребаат.
И во новава година децата ќе бидат нашиот свет. Свет кој со секое ново дете одново се раѓа, како што напиша генијалниот Горан Стефановски.

Полна со насмевки нека ни биде новата 2019.

Тимот на Деца.мк, Факултети.мк и „Светот на Биби“

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top