Со премногу посветено внимание на преносот на знаењата, во што, за жал, сè помалку успеваме, емоциите ги поттурнавме настрана. Затоа и сведочиме на ситуации во кои децата ни се лути, непослушни, дрски, не учат и не знаат што е почит, притоа заборавајќи, пак ќе кажам, на фактот дека тоа всушност е повик за помош. Не го слушаме. Немаме време да работиме со нив на нивното самоспознавање, саморегулирање, самомотивирање, на нивните социјални способности. Немаме време да ги учиме на емпатија, за да ги идентификуваат и чувствата на другите, да сочувствуваат со нив и со тоа да им помогнеме да си го засилат квалитетот на животот. Не работиме на нивната самосвест, со што ќе си ги препознаваат внатрешните состојби и ќе си ги рационализираат емоциите.
Ова е дел од колумната на Елизабета Секирарска, професорка во средно училиште за Факултети.мк.
Целата колумна прочитајте ја на овој ЛИНК.
912