Игротека

Д-р Габор Мате: „Не мислете дека децата се ваши само затоа што сте им родители“

Познатиот канадски лекар и автор, д-р Габор Мате предупредува дека многу родители несвесно ги „губат“ своите деца бидејќи минуваат многу малку квалитетно време со нив.

Тој објасни дека децата и родителите поголемиот дел од денот се одделени – едните на работа, другите на училиште. Но, тоа што формално се семејство не значи дека врската е доволна.

– Оние родители што се тука, со децата, но не ги гледаат цел ден бидејќи децата се на училиште, а тие на работа, мора да се погрижат времето што ќе го поминат заедно да биде навистина посебно. Затоа, немојте да претпоставувате дека вашите деца се ваши само затоа што сте нивни родители. Не се. И кога не ве гледаат цел ден бидејќи го минуваат со врсници, со пријатели, на крајот од денот мора повторно да ги придобиете. Мора да ги вратите под своја закрила, што значи дека мора да поминете квалитетно време заедно, кое не се заснова на прашања како „Што имаш за домашно“ или „Што се случи“, и секако не на телефон. Она што се обидувам да го кажам е дека треба да им посветите внимание колку што можете повеќе, своето присуство, за да го надоместите она што сте го изгубиле – вели д-р Мате.

Тој додава дека иако е разбирливо по работните обврски родителите да сакаат одмор, вложениот напор за вистинска поврзаност со детето секогаш ќе се исплати на долг рок.

Извор

Поврзани написи

To top