Воспитување

Д-р Габор Мате: Кога детето ќе почувствува дека неговите родители не го разбираат, знаете ли што се случува?

Предавањето што професорот Габор Мате го одржа во Белград предизвика воодушевување кај присутните во преполната сала. На покана на Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, овој светски познат експерт за детски развој, особено во областа на траумата, одржа серија предавања и работилници во регионот.

-Темата траума не е доволно присутна во нашето општество. Сепак, свеста полека се развива и сè поголем број луѓе почнуваат да го разбираат влијанието на физичкото казнување, вербалното малтретирање и навредувањето на детето врз неговата психа. Она за што недоволно се зборува, а го преживуваат голем број деца, е тоа што децата живеат во семејства во кои не се разбрани и видени. Мислењето што детето го има за нешто, чувството кон некоја ситуација, стравовите, желбите, гневот. Секое дете доживува цела низа чувства во текот на денот, а возрасните често не ги гледаат, доживуваат или разбираат децата. Тие ги сметаат стравовите за ирационални, причините за гневот банални, детското мислење неважно – вели д-р Габор Мате.

И како се чувствуваат децата што растат на овој начин?

-Децата до три години имаат емоционални и физички потреби. Кога велам потреби, мислам на неопходни услови кои доколку ги немаат, тоа ќе им го кочи здравиот развој. И сега размислете – како се чувствува возрасен човек чии потреби никој не ги гледа или цени? Кога не те разбираат, не се трудат да те разберат? Може да биде и фрустрирачки. А вие, како возрасен, веројатно не зависите од оние луѓе што не ве разбираат. Додека детето е целосно зависно од родителите. И затоа развојната потреба на детето е да биде видено од најблиските. Тоа не е луксуз, ниту привилегија, туку неопходност.

Кога се чувствувате погрешно разбрани, знаете ли што се случува? Почнувате да верувате дека нешто не е во ред со вас. „Затоа што ако сѐ беше во ред со мене, тие ќе ме разбереа“ – изјавил професорот Габор Мате.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top