Разводот е судбоносен за детето, но разводот доаѓа кога доаѓа и треба што помалку да се драматизира. И таткото и мајката не смеат да зборуваат лошо за другиот, бидејќи секое дете сака да има најсреќна, најдобра и најубава мајка на светот и да го има најсреќниот, најхрабриот и најпаметниот татко на светот. Може да се каже: татко ти не ми беше добар пријател и затоа се разведувам од него…, но не треба да кажувате погрдни зборови за таткото.
Втора работа, гледањето со родителите е организирано како што е со сегашниот закон, но игнорирајте го законот. Детето мора да биде втемелно во едно семејство. Па така, или е со мајката или со таткото. Тоа не може да биде и со мајката и со таткото. Нема тука правда, два дена со мајката, два дена со таткото.
Значи, детето е со мајката, на пример, а кај таткото оди на викенд, или тоа е со таткото, па оди кај мајката за викенд.
Не драматизирајте, однесувајте се природно и постојано контролирајте се за да не го уценувате другиот родител со помош на детето и да не му се одмаздувате.
Автор: д-р Светомир Бојанин