На самиот почеток од бременоста промените се толку суптилни што жените не се сигурни дали треба да направат тест или само да чекаат да им дојде менструација. Тестот за бременост реагира на хормонот за бременост, бета HCG, кој почнува да се произведува во телото веднаш штом оплодената јајце-клетка се закачи на ѕидот на матката.

Освен што ви изостанува менструација, имате болни гради и чудна желба за храна, постојат неколку знаци кои ќе ви покажат дека е време да направите тест за бременост.

Чудни грчеви во стомакот

Да, веројатно не би го очекувале тоа, но овие грчеви може да се појават токму кога ќе дојде до имплантација, непосредно пред менструацијата, и може да бидат придружени со светло и лесно крвавење.

Метален вкус во устата

Поради поголемите количини на естроген и прогестерон, може да се појави сосема поинакво чувство во устата. Ќе се чувствувате како да држите парички во устата.

Поинтензивни мириси

Иако може да изгледа чудно, многу жени имаат зголемено чувство за мирис за време на бременоста, а за тоа е виновен естрогенот.

Подобра флексибилност на телото

Верувале или не, ова може да биде ран симптом на бременост. Бидејќи се ослободува хормонот релаксин, доколку вежбате јога или пилатес, ќе забележите дека се истегнувате многу полесно и подобро. Телото го произведува овој хормон додека се подготвува за породување.

Извор



912

X