Воспитување

„Човечкото тело“ и две книги од серијалот „Можам да читам“ – нови изданија од „Светот на Биби“



Три нови наслови со омилените ликови од „Светот на Биби“ за нови читачки предизвици и авантури.

„Можам да читам!“ е нов серијал на книги за деца кои почнуваат да читаат. Серијалот ќе содржи 4 различни нивоа на читање и без разлика на кое ниво е вашето дете, во овој серијал ќе пронајде совршена книга за себе.

Насловите на двете изданија се „Во градината на Биби“ и „Здраво… и добра ноќ“.


Во третата нова книга ќе дознаете повеќе за најинтересната тема – човечкото тело! Во книгата ќе откриете зошто телото е посложено од секој компјутер или робот, како што е Р1, и што го прави човечкото тело толку специјално.

Новите изданија може да се купат од е-продавницата www.svetotnabibi.mk и во сите продажни места низ Македонија.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top