Јана Стојменовска, ученичка во IV б одделение при Основното училиште „Мирче Ацев“ во Општина Ѓорче Петров – Скопје, и нејзиниот ментор Маја Василевска-Ставров како финалисти беа поканети да учествуваат на меѓународниот фестивал за детска поезија „Детско царство“ во Бања Лука, Босна и Херцеговина. Од 6.500 натпреварувачи, од сите поранешни југословенски републики, Јана и нејзините стихови за другарство се најдоа меѓу 80 финалисти.

Стиховите имаа можност да ги слушнат многу другарчиња, гости и врвни писатели за деца кои беа дел од жири-комисијата. Песничката „Другарство“ е објавена во Зборникот на фестивалот за детска поезија, а ученичката беше закитена со медал и диплома за освоено трето место.

ДРУГАРСТВО

Другарството е свеќа
што го осветлува секој пат
другарството е магија
што здружува брат со брат

Другарството е оган
што нема да згасне
тоа секој ден
за еден кат расне

Другарството е царство
во кое сите се дружат
и сите сакаат
рака да си пружат

Другарството е сонце
што секој го грее
секој другар што има
од радост пее



912

X