Здравје

Четвртина од децата во Велика Британија никогаш не јаделе јаболко, а петтина никогаш не слушнале за банана

Четвртина од децата никогаш не изеле јаболко, а повеќе од петтина никогаш не слушнале за банана, покажува нова студија. И покрај консумацијата на 4 парчиња овошје и зеленчук дневно, во просек, анкетата на 1.000 деца на возраст од 6 до 11 години открила дека многу деца малку знаат за тоа од каде потекнуваат плодовите. Третина верува дека производите потекнуваат од супермаркет, додека 11 проценти сметаат дека се произведуваат во фабрика.

Друго вообичаено овошје за кое не слушнале се јагодите (21 процент) и лимоните (27 проценти), додека 31 процент никогаш не вкусиле портокал. Откритијата произлегуваат откако ТВ-судијата и наградуван танцувач Оти Мабус зборувал со деца за здравите придобивки од овошјето и зеленчукот. Во снимените разговори се покажува дека децата тврделе оти витамините се наоѓаат само во таблетите, а не во зеленчукот и овошјето, а исто така ја грешеле, односно заменувале брокулата со овошје, а спанаќот сметале дека е зелка.

Истражувањето и видеото биле испратени до брендот „Беко“, кој нуди технологија за замрзнување свежо овошја и зеленчук. Оти Мабус вели: „Да се слушнат мислењата на децата за зеленчукот и овошјето е одличен начин за да се започне разговор со нив за здравјето, витамините и здравата исхрана. Изненадување беше што тие ги споделија своите вкусови и она што не го сакаат, па кој би рекол дека морковите се толку популарни“. Студијата, исто така, открила дека 32 проценти од децата мислат оти зеленчукот и овошјето се испратени од другите земји, а 10 отсто веруваат дека не се одгледуваат во Велика Британија.

Што се однесува до зеленчукот, многу деца не чуле за пченка (29 проценти), карфиол (33 проценти) и моркови (25 проценти). Никогаш не пробале брокула (36 проценти), грашок (34 проценти), па дури и компири (29 проценти). Иако 6 од 10 деца одгледувале или набрале зеленчук и овошје, секое десетто дете претпоставува дека ананасот расте во земја. Повеќе од третина од анкетираните признале дека немаат поим кој зеленчук или овошје треба да се чува во фрижидер, а кое е најдобро да се чува на собна температура. И додека 63 проценти од анкетираните се свесни дека витамините се важни, сепак 1 од 20 деца мисли дека бисквитите и грицките најмногу обезбедуваат витамини. Најомилено овошје и зеленчук на децата се јагодите (52 проценти), јаболката (40 проценти) и морковите (40 проценти).

Виџеј Бардвај, портпарол на „Беко“ за Велика Британија и Ирска, изјавил: „Сите знаеме дека овошјето и зеленчукот ни е потребни во животот, но некогаш она што го јадеме не ни обезбедува доволно хранливи материи и витамини како што мислиме. Важно е да се научат децата од рана возраст за тоа од каде доаѓаат овошјето и зеленчукот и зошто се од витално значење за нашата исхрана. По спроведувањето на истражувањето, изненадувачко е што има толкава конфузија во врска со хранливите материи што тие ги содржат, колку долго опстојуваат и каде треба да се складираат. Секогаш бараме лесни и ефикасни начини за да им помогнеме на нашите потрошувачи да живеат поздраво, па се надеваме дека новата технологија, која се обидува да имитира 24-часовен сончев циклус, може да им помогне на семејствата да ги одржуваат зеленчуците и овошјата свежи со сочувани витамини“.

Автор: Алис Хјуџис

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top