Кристин Бауден, која се занимава со фотографија, направила фотосесија со својата ќерка Лула Бет Бауден за да прослави еден радосен момент во нивните животи.
Четиригодишната Лула Бет сакала да сподели радосни вести со светот.
Мајка ѝ ги објавила нејзините фотографии на „Инстаграм“ за да соопшти дека Лула успешно го победила ракот! Направиле прекрасна фотосесија со табла на која пишувало:
„Дојде. Се боревме. Победив. Официјално без рак“.
Порака која ќе предизвика насмевка на сечие лице.
На Лула ѝ бил дијагностициран таканаречен Вилмсов тумор. Се работи за тип на педијатриски рак кој е лоциран во бубрегот. Туморот бил големина речиси колку фудбалска топка и морал да биде отстранет преку операција, заедно со целиот бубрег. Потоа следувале 13 хемотерапии во период од 22 недели. Има многу семејства во светот што ги изгубиле своите сакани од оваа ужасна болест. Вистинско чудо е кога некој ќе успее да се извлече. За семејството Бауден, тоа што Лула го победила ракот е нешто најрадосно.
Нејзината мајка изјавила: „Никогаш не очекувавме ова да ни се случи нам. Таа успеа да помине низ сето тоа и нѐ потсети сите дека е светлината на нашето семејство“.
Ваквите моменти се незаборавни и треба да бидат вреднувани.
Автор: Аканкша Саксена