Игротека

Четиричлено семејство спие во ист кревет

Луѓето имаат различни навики за спиење, а постојат многумина на кои им е важно да имаат свој простор. Но, еден пар открива дека целото семејство го дели креветот, а со нив спие и нивната 11-годишна ќерка.

Брендон и Меган Дил се родители на Кензи и Сара и тие редовно споделуваат видеа за нивниот живот на „Тик-ток“. 30-годишниот татко неодамна сподели видео од распоредот за спиење на семејството, кое собра 4 милиони прегледи. На видеото може да се види како Брендон ѝ посакува добра ноќ на неговата 11-годишна ќерка Кензи, која е глува.

За нив е нормално, но наидоа на критики од следбениците

Неколку моменти подоцна таа признава дека не се чувствува безбедно во својот кревет и затоа оди да спие меѓу нејзината мајка и татко, каде што веќе се сместила нејзината помлада сестра Сара. Во описот на видеото Брендон додава: „За мене тоа е во ред“.

Видеото наиде на различни реакции, а многумина беа збунети зошто децата не спијат во своите кревети. Сепак, имаше такви и што ги поддржуваа.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top