Здравје

Четири игри со кои ќе ги натерате децата да си ги мијат забите

Миењето на забите асоцира на досадна обврска и многу малку деца го прават тоа со задоволство.

Минутите што треба да се издвојат за миење заби наутро и навечер се придружени со незадоволство, лутење и преговарање да се одложи миењето. Малите деца не сфаќаат дека миењето заби значи здравје и помал број посети на стоматолог, па затоа треба да ги стимулираме и да се потрудиме да им ја покажеме забавната страна на овој процес.

Еве неколку идеи:

Миење со музика – донесете радио во бањата и пуштете им ја омилената песна на децата. Целата е тие да се забавуваат додека ги мијат забите. Кога ќе го засилите звукот на радиото, децата треба да почнат да ги четкаат забите, а кога ќе го намалите, може да застанат. Менувајте побрзи и побавни песни и ќе видите дека наскоро со нетрпение ќе ги чекаат тие мигови.

Кој има најблескави заби – никогаш не потценувајте ја конкуренцијата меѓу децата. Тие засилено ќе ги четкаат забите за да покажат дека имаат побели и поблескави заби.

Заби-музички инструменти – децата нека си замислат дека нивните заби се музички инструмент. Може да ја играте играта „Група за четка за заби“. Правилата се: децата да одберат да свират на гитара (нагоре-надолу) или на тапани – на задните запчиња.

Натпревар со тајмер – наместете го тајмерот и нека почне натпреварот. Вие сте судијата и треба да одлучите кое дете подобро си ги измило забите.
Четкањето треба да биде потемелно. Ќе видите колку труд ќе вложат за да победат.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top