Психолозите се осврнале на ова вообичаено прашање и даваат одговор дали ова е „трауматично“ за детето и дали децата сè уште треба да се држат во безгрижен свет до одредена возраст.
Дали малите деца треба да одат на гробишта?
Во Велика Британија е спроведена анкета, а речиси 50 отсто од родителите рекле дека сметаат оти е несоодветно нивното дете да се носи на гробишта или на погреб.
Од друга страна, д-р Даниел Опенхајм, психијатар и автор на книгата „Разговори со децата за животот и смртта“, смета дека секое време е вистинското време да се оди на гробишта. Тој нагласува дека посетата на гробишта е можност родителите да ги научат малите деца на неколку важни работи:
-Тој момент на размислување на гробот на саканата личност е можност родителите да им ја објаснат на своите деца целта на гробиштата, местото каде што почива личноста што ја сакавме, која ќе продолжиме да ја сакаме и каде што можеме повторно да се поврземе со таа личност. На тој начин знаеме дека таа личност ни е блиска – изјавил тој.

Тој, исто така, вели дека ова место е можност да им се објасни смртта на децата и дека таа не претставува вечно исчезнување:
–Таа личност повеќе не е физички присутна во нашиот секојдневен живот, туку останува во нашите мисли и сеќавања.
Меѓутоа, кога станува збор за погреби конкретно, тој наведува дека не е неопходно да присуствува мало дете. Како што наведува, децата се во емотивна возраст и гледањето на другите како плачат и тагуваат може да ги вознемири. Затоа, подобро е да оставите некој да се грижи за детето во тоа време.
–Но, токму поради другите луѓе и возрасните околу него, важно е однапред да се подготви објаснување што ќе ги ублажи нивните потенцијални стравови – заклучил тој.