Не постои нешто послатко во мајчинството од тоа да можете да го гушнете вашето бебе додека спие. Во тие мигови сакате да запре времето и да останете така што е можно подолго. Затоа што заспивањето на бебето во вашите раце не е убаво само за вас, туку и за вашето бебе.
Ваквото заспивање може да донесе многу придобивки. Дури и постојат истражувања што ја покажуваат важноста да се биде во близок физички контакт со вашето бебе, што е можно почесто, во текот на првите неколку месеци од животот – се ослободува окситоцин, помага во регулацијата на телото на вашето бебе и промовира независност и отпорност подоцна во животот.
Но, спиењето на бебето во вашите раце може да биде и предизвик. Ова е особено тешко ако овој период е единствениот кога треба да завршите некоја работа или да припремите други работи.
Ова се неколку совети како вашето бебе да научи да спие во креветчето, а не во вашите раце.
Создајте средина што промовира спиење
Некои работи на кои треба да размислите се температурата во просторијата, осветлувањето, нивото на врева и слично. Идеално, просторијата во која спие вашето бебе треба да биде од 20 до 22 степени, што е можно потемна и потивка.
Помогнете му на бебето да се навикне на просторот за спиење кога е будно
Помогнете му на бебето да се чувствува удобно во просторијата. Понекогаш бебињата не сакаат да спијат во креветче едноставно затоа што не им е познато. Колку повеќе време поминуваат во овој простор, толку е помала веројатноста да го отфрлат. Затоа, обидете се да го ставате вашето бебе во креветчето кратки периоди кога е будно, за да го изложувате сè повеќе на овој простор.
Вежбајте спуштање на бебето во креветчето откако ќе заспие
Најпрво треба да му помогнете на бебето да се навикне да спие во креветчето. Општо земено, потребно е да почекате околу 10 минути пред да го префрлите за да се уверите дека е заспано. Спуштете го прво настрана, а потоа нежно превртете го на грб.
Погрижете се да ги следите знаците што покажуваат дека вашето бебе е поспано
Понекогаш бебињата едноставно одбиваат да легнат во креветче затоа што се преуморни. За да го избегнете ова, следете го бебето и знаците што ги дава за поспаност за да се уверите дека го легнувате во вистинско време.
Не откажувајте се
Ако сте подготвени да го научите бебето да спие во креветче, треба да знаете дека за ова ќе биде потребно време, па нормално е на почеток да е потешко и бебето да не сака да го прифати креветчето.
912