Трудниците добиваат мала помош, но многу внимание од одредени трговци, пекари, а од неодамна и од одредени автошколи во Белград – дел од практичниот дел на испитот и полагањето на тестовите за нив се бесплатни. Кога ќе го поминат тестот, можат да сметаат на уште една поволност – бесплатни 30 часа паркинг годишно во Белград.
Трудниците имаат право на бесплатни стоматолошки прегледи. Влезот во Ботаничката градина „Јевремовац“ е бесплатен и за сите трудници и идни мајки, но списокот не завршува тука.
Драган Ѓорѓевиќ Буца, кој прави лесковачка скара во Раковица, ја дизајнирал кампањата за бесплатни оброци за трудници, која трае веќе пет години. Ѓорѓевиќ наведува дека тоа се главно хамбургери или оброк од пилешко и помфрит.
Различни начини на толкување на бременоста
Од другата страна на градот, во пекарница во Нов Белград, Марко Драгичевиќ им подарува бесплатни печива на трудниците.
-Некои може да прифатат, некои не, може да се навредат и да понудат да платат. Тие мислат дека бременоста е нормална работа, природна, што не треба да се нагласува и затоа не гледаат потреба да добијат такво нешто – вели Драгичевиќ.
Бремената Невена Катиќ изјавува дека ниту еден подарок не би го сметала за навреда.
-Мислам дека тоа е многу убав гест од страна на која било пекарница или продавница и со задоволство би го прифатила – изјави Катиќ.
Предраг Ѓокиќ сакал да го понуди она што другите не го понудиле. Во неговата автошкола десет трудници имаат посебни поволности.
-Решивме да се запознаеме со нашите драги сограѓанки, да подариме одреден дел од обуката, па тоа е делот од практичниот сегмент од испитот и делот каде што се полагаат тестовите – рекол Ѓокиќ.
Бременоста и е нормална работа за повеќето трудници. Но е и период кога посебното внимание што го добиваат навистина им годи. Всушност, секогаш е пријатно кога добивате почит и внимание.
Автор: Јасна Дреновац
912