Тврдоглавите и бунтовни деца често се вистински кошмар. Освен што се непослушни и своеглави, ни предизвикуваат чувство дека сме лоши родители.

Но, не очајувајте бидејќи постои нешто позитивно во сето ова.
Според едно истражување спроведено од „Рисрч Гејт“, најтврдоглавите и најбунтовните деца имаат најголема веројатност да станат успешни во иднина.

Што вели науката за бунтовните деца?

Кога децата почнуваат да учат, веруваме дека треба да исполнат одредени очекувања, да имаат добри оценки, одлично однесување, послушност, почит и смиреност за да имаат добра иднина. Ова истражување, кое собирало информации од 1968 година, првично било засновано врз анализа на однесувањето на околу 3.000 деца на возраст од 8 и 12 години, а ги вклучило интелигенцијата, едукативните мерки, аспирациите, социо-економскиот статус, семејното потекло, како и прашалник за училишните и дневните активности, чувствата, мислите и навиките на учениците.

По повеќе од 40 години последователно истражување, резултатите покажаа дека децата што обично им пркосат на авторитетите имаат тенденција да ги доведат во прашање работите што се случуваат околу нив и да размислуваат над границите утврдени за нив. Ова им дава одредена креативна предност кога станува збор за нови идеи или започнување бизнис. Оние што се сметале за бунтовници, непослушни, агресивни и тврдоглави, можеле да се постават себеси на важни позиции на работното место, заработувајќи повеќе пари од оние што имале подобри оценки и биле подисциплинирани во текот на детството.

Интелигенцијата, одговорноста и посветеноста се важни

Карактеристиките и однесувањето на учениците играат значајна улога. Успехот оди подалеку од тоа да имате добри когнитивни ресурси и да бидете дел од богато семејство од висока класа. Квалитетот на стручна и академска обука, покрај интересот и одговорноста што детето ги развива во текот на целиот живот, се одредувачки фактори за да постигнат кариера и економски успех.

Според променливите што биле анализирани, било утврдено дека успехот на бунтовните деца во текот на зрелата возраст може да биде резултат на нивната себичност и нивната способност да ги стават своите интереси во прв план. Бидејќи тие не ги исполнуваат правилата што им се наметнуваат, стануваат експерти кога преговараат за платата што ја сакаат.

Она што се сметало за непослушно однесување пред 50 години нема никаква врска со тоа што е денес, а успехот на бунтовните деца би можел да има друго објаснување.

Животниот стил што постоел пред многу години веројатно не е многу сличен со сегашниот начин на живот. Ако вашето дете е бунтовно или тврдоглаво, не треба да се грижите премногу затоа што постои можност да стане успешна возрасна личност.

Извор



912

X