Мајчинството е едно од најдлабоките и најинтензивни искуства што една жена може да ги доживее – но, не е секогаш нежно, лесно или исполнето со еуфорија. Во море од „идеали“, многу жени се оставени сами на себе со своите не толку идилични чувства, мислејќи дека нешто не е во ред со нив. Кога всушност – сè е во ред. Она што не е во ред се општествените очекувања.
Понекогаш единственото правилно нешто што треба да се направи е да се каже вистината и она што многу луѓе не сакаат да го слушнат. Понекогаш едноставно треба – да се разбие митот и да се кажат работите какви што се. Следуваат 7 вистини за мајчинството „што психијатрите ги знаат“.
Мајчинскиот инстинкт е мит
Психијатарот Ана Фројд го проучувала мајчинството 40 години и заклучила:
-Мајчинскиот инстинкт е мит. Љубовта кон детето се јавува кога ќе се надмине одбивноста. Во првите месеци 87 % од мајките чувствуваат: иритација поради плачење, аверзија кон мириси, желба за бегство, лутина поради беспомошноста на детето. И најважно од сè – тоа е нормално.
Мајчинската љубов не е инстинкт
-Мајчинската љубов не е инстинкт, туку резултат на работа врз себе. Мозокот го перципира новороденчето како закана бидејќи одзема сон, сила, време и внимание. Љубовта не се раѓа автоматски – таа се гради преку надминување на отпорот – вели психијатарот Доналд Виникот.
Приврзаноста не доаѓа веднаш
„Се заљубив во детето на прв поглед“ – ова е нешто што е вообичаено да се каже и мисли, но всушност тоа не е единствената вистина. Повеќето мајки во првите месеци често се чувствуваат како да се грижат за туѓо дете. Приврзаноста се развива преку грижа, а не преку инстинкт. Иако е тешко да се признае ова и е еден вид табу – сепак е вистина.
Постпородилната депресија не е болест
Околу 40 % од жените доживуваат постпородилна депресија. Психијатрите не го гледаат тоа како болест, туку како нормална психолошка реакција – мозокот се спротивставува на новата улога и копнее по стариот живот: слобода, сон, кариера, врска со партнерот и сопственото тело. Ова не е знак дека сте лоша мајка, туку е знак дека сте човек.
„Добри“ наспроти „вистински“ мајки
Добри мајки (како што очекува општеството):
-никогаш не се уморни
-секогаш среќни
-жртвуваат сè за детето.
Вистински мајки:
-понекогаш сакаат да избегаат
-им недостига животот пред децата
-ги сакаат децата, но не се губат себеси.
Парадоксот е што вистинските мајки одгледуваат поздрави деца.
Мајчинството не е постојана среќа
Кога жената е уморна, раздразлива или тажна, таа мисли дека нешто не е во ред со неа. Но, вистината е дека сè е во ред со неа, а проблемот се општествените очекувања. Мајчинството е работа. Многу важна, но работа. И како и секоја работа – може да биде исцрпувачка.

Нема идеални мајки – има само „доволно добри“ мајки
Психијатрите знаат, а истражувањата докажале – на детето не му е потребна совршена мајка, туку онаа што:
-ги задоволува своите основни потреби
-понекогаш се лути, но потоа се извинува
-покажува дека има свои граници
-не се жртвува целосно.
Таквата мајка го учи детето да биде човек – да не го бара невозможното.
Што можете да направите со ова знаење?
Престанете да се обвинувате себеси за „погрешни“ чувства и разберете:
-приспособувањето кон мајчинството е процес, а не момент
-разговарајте искрено со други мајки
-побарајте помош.
Запомнете: не мора да бидете совршени за да бидете добра мајка.
Автор: Наташа Крстичевиќ