д-р Андреа Николова-Пауновиќ, матичен лекар

д-р Андреа Николова-Пауновиќ, матичен лекар

Поликлиника „Жана“ во Неготино
е-пошта: poliklinika.zana1@yahoo.com
тел. 075 555 512

Повеќе од авторот

Болеста обично почнува со сува кашлица, која за 2-3 дена преминува во глад за воздух од потежок степен

Во педијатријата бронхиолитис означува посебно тешка клиничка слика на акутна опструктивна диспнеа (глад за воздух) кај доенчиња, предизвикана од опструкција на бронхиоли. Настанува поради акутна инфекција со респираторен синцицијален вирус (РС вирус), ретко од аденовирус или вирус на патаинфлуенца.

Со бронхиолитис заболуваат претежно доенчиња во првите 6 месеци, а потоа тоа поретко се случува до крајот на втората година. Иако ретко знае да се појави и секундарно во текот на мали сипаници – морбили и заушки – пертусис.

Бронхиолитис се јавува епидемиски во зимските и пролетни месеци.

Болеста обично почнува со сува кашлица, која за 2-3 дена преминува во опструктивна диспнеа од потежок степен. Фреквенцијата на дишење е над 60 респирации во минута, со вовлекување на интеркосталните простори.
Кашлицата е сува и тврдокорна, телесната температура може да биде нормална или зголемена до 40°C.
На аускултација, при преглед со стетоскоп, има забрзано дишење, краток инспириум (вдишување) и продолжен експириум (издишување) и мноштво ситни крепитации (свирежи) во инспириумот.

Детето е премалено, бледо, цијанотично и состојбата може да премине во тешка хипоксемија (намалена количина на кислород во крвта).
На рендген има јасни знаци за акутна хиперинфламација (силно воспаление) на бели дробови со спуштена дијафрагма и зголемена прозрачност на белите дробови.

Крепитациите, свирежите при издишување помагаат да разликуваме бронхиолитис од рецидивирачки опструктивен бронхитис. Слична клиничка слика со експираторна диспнеа може да даде и акутна срцева инсуфициенција, особено кај лево-срцева слабост, од кој било причинител. Значаен знак за разликување е рендгенска процена на големината на срцето. Кај бронхиолитисот срцето е мало, а кај срцева инсуфициенција по правило е зголемено.

Лекувањето е акутно и под лекарски надзор во првите критични 2-4 дена за да се спречат компликациите.
Кислород се дава веднаш, иако нема пројавено цијаноза. При зголемена температура задолжително се даваат антипиретици за нејзино намалување, а се прави и оптимално хидрирање на доенчето со инфузиони раствори.

Во принцип не станува збор за индикација за која задолжително се даваат антибиотици, но неможноста за етиолошка дијагноза на вирусот и потенцијалната можност за развој на секундарна бактериска инфекција е причина поради која оправдано се даваат антибиотици.
Стероиди се даваат често, со кратко дејство.

Прогнозата на болеста е добра, со редовно контролирање во иднина од страна на лекар, барем во првите 6 месеци од доенечката возраст.



912

X